Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Стратегија за извоз на софтвер и ИТ услуги

Целта на оваа стратегија е да се помогне во унапредување на извозот, во тесна соработка со сите релевантни чинители, што ќе и помогне на македонската  индустрија за софтвер да ја постигне следнава главна цел:

Македонија да се етаблира како препознатлив бренд за специјализирани, квалитетни услуги за аутсорсинг и софтверски производи во Европа, врз основа на системска конкурентност, извонредност на компаниите и супериорна вредност за потрошувачот.

Во тесна врска со оваа главна цел, со стратегијата за унапредување на извозот се стреми кон следниве стратешки цели:

  • Надминување на пречките поврзани со извозот и успешно позиционирање на македонските софтверски компании (особено МСП) на меѓунaродните пазари;
  • Отворање нови пазари и нови сегменти на потрошувачи;
  • Поттикнување на економски раст воден од извозот и зголемување на вработеноста;
  • Да се поттикне меѓународниот маркетинг и брендирање на Македонија и нејзината индустрија за софтвер;
  • Спречување и менување на насоката на одливот на мозоци;
  • Поттикнување на трансферот нa технологија и пристапот до нови технологии и знаење;
  • Намалување на ризикот преку диверзификација на пазарите;
  • Забрзување на интеграцијата на пазарот на ЕУ;


Резимирано може да се каже дека намената на стратегијата за унапредување на извозот не е само да се олесни интернационализацијата на македонските компании за софтвер и ИТ услуги, туку и да се зголеми конкурентноста на македонската индустрија за софтвер на одржлива основа и да се зајакне нејзината улога како катализатор на растот, продуктивноста, и иновациите во македонското стопанство.

Индустријата за сoфтвер е еден исклучително динамичен сектор. Затоа, целта на оваа стратегија не е да се дефинира статичен систем од стратешки мерки за унапредување на развојот што ќе бидат непроменливи. Тој повеќе треба да се гледа како почетна точка и стратешка насока, којашто флексибилно ќе реагира на идниот развој на ресурсите и можностите, како и на промени на глобалните пазари и во технологијата. Следствено, овој документ дефинира систем проактивни стратешки политики и мерки насочени кон иднината, коишто ќе мора постојано да се ревидираат, прилагодуваат и подобруваат за да се обезбеди нивната ефективност.

Оваа стратегија е развиена со помош на ГТЗ.

Превземи ја Стратегијата за промоција на извоз на софтвер и ИТ услуги EN (3,70 MB)

Преземи го Оперативниот план од Стратегијата за промоција на извоз на софтвер и ИТ услуги (ажуриран Јули 2012)


ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни Настани

Нема настани