Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Проект за пре-квалификација на ИКТ кадри

pre-kvalifikacijaВе информираме дека во тековниот период, помеѓу месец април и септември, МАСИТ со поддршка на УСАИД/РЕГ проектот започна да работи на проект за преквалификација на кадри. Станува збор за проект преку кој се реализира преквалификација на кадри, во кој се опфатени вработени и невработени лица, каде што заинтересираните кандидати имаат можност да се преквалификуваат со цел да стекнат одредени други вештини, знаења и практично искуство (надвор од оние со кои веќе се здобиле) за ИТ профили кои се потребни на ИКТ компаниите, кои во иднина потенцијално и би се вработиле во ИКТ компаниите. 

Крајната цел на проектот, а по посета на програмата е лицата да се вработат во ИКТ компании на јуниор програмерски позиции или други позиции поврзани со ИКТ сферата. Програмата за реквалификација ќе трае околу 5 месеци, а започна во месец април 2017.

Низ процесот на преквалификација слушателите ќе се стекнат со теоретско и практично знаење реализирајќи многу hands-on активности, ќе работат на конкретен проект или студија на случај кој ќе се надоградува од предмет во предмет, но ќе ги збогатат и своите компетенции со организациска култура и меки вештини, што ќе ги профилира да бидат веднаш спремни за вработување и продуктивно ангажирање во рамки на ИТ компаниите.

Врз основа на резултатите од пополнетиот анкетен прашалник од страна на триесетина ИТ компании инаку потенцијални работодавачи, одбрани се две програми за преквалификација кои ќе продуцираат, во моментов, две најатрактивни и најдефицитарни ИТ профили:

  • .NET Developer и
  • Front End Web Developer.

Програмата за преквалификација ќе се реализира во три фази, во период од април до септември 2017та година.

ПАРТНЕРИ И КОРИСНИЦИ:

  • МАСИТ - МАСИТ ќе биде одговорен за координација на целиот проект и ќе биде задолжен сите активности да се изведуваат како што е планирано. МАСИТ ќе изнајде тренинг провајдер, HR регрутер и ќе ги координира ИКТ компаниите за целта на извршување на проектот. МАСИТ, исто така, ќе ги извршува сите потребни активности во делот на односи со јавноста, маркетинг и промоција на проектот, со цел да бидат опфатени и информирани што е можно поголем број на потенцијални кандидати.
  • Сивус едукативен и развоен центар - Ќе биде во целост одговорен за темите и курикулумите за програмата на тренингот како и поседување на релевантни тренери за идентификуваните профили. Тренинг провајдерот ја подготвува програмата, содржината, јасна спецификација на предмети (курсеви) кои ќе влезат во секој од двата профили; број (фонд) на часови; листа и CV-ја на тренери и има целосна инфраструктура/просторија за одржување на тренингот.
  • Компании – членките компании на МАСИТ ќе бидат вклучени во овој проект во дефинирањето на содржината на програмата и во обезбедувањето менторство и пракса во период од 1 - 3 месеци за избрани учесници. Компаниите ќе имаат можност на кандидатите кои поминале низ обуките да им понудат нивно вработување, веднаш по завршувањето на обуката,според потребата на компанијата.
  • Учесници во програмата – учесниците во програмата потребно е да имаат минимум диплома од средно училиште, да не се постари од 35 години, вработени или невработени лица, да имаат интерес и предиспозиции да продолжат со кариера во областа на ИКТ. Потенцијални кандидати може да бидат и дипломирани студенти на било кој факултет освен на електротехничките факултети. За кандидатите кои не се со ИТ бекграунд, фокусот ќе биде ставен на лица кои имаат склоност кон математика и програмирање и имаат логичен начин на размислување. Предност при селекцијата ќе имаат невработените кандидати. Сите заинтересирани учесници своето CV можат да го пратат на  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  најдоцна до 21.04.2017.

=ФАЗИ

Фази во процесот на регрутација, следење, профилирање и оценување на прогресот на кандидатите до фазата на ниво поврзување со компании.

Фаза 0: Прибирање на влезни податоци (CV-а) од заинтересираните кандидати и проценка на задоволувањето на основните критериуми за квалификација во обуката;

Фаза 1: Тестирање за сите кандидати преку генерален тест на знаење кој опфаќа повеќе компоненти (ангиски јазик, логика, основни компјутерки познавања);

Фаза 2: Усно интервју на потесно селектираните кандидати;

Фаза 3: Тест за профилирање на потесно селектираните кандидати;

Фаза 4: Дефинирање на целната група (Финална селекција врз основа на првите два критериуми)

По успешно завршување на обуката (односно поединечни нејзини делови-предмети) следуваат уште две фази за заокружување на циклусот на реквалификација;

Фаза 5: Проверка на постигнатите знаења преку самостојна изработка на проект или студија на случај и друг вид тестирања за следење на прогресот на кандидатите;

Фаза 6: Насоки и асистенција при идентифукување на потенцијален работодавач.

  • Локација на проектот:

    - Обуката се одржува во Скопје, во просториите на Сивус едукативен и развоен центар.

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни Настани

Нема настани