Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Проект на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива

         Logo_Usaid                                                                                                                Logo_EPI_Centar

Ве информираме дека во октомври 2016, МАСИТ започна да работи на проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива, заедно со Стопанска комора на Македонија и Стопанска комора на северозападна Македонија како партнери и консултантската куќа ЕПИ Центар Интернационал како главен имплементатор на проектот. Проектот е предвидено да трае четири години, односно до септември 2020.

Двете главни цели на проектот се:

Цел 1: Микро и малите бизниси од Македонија да ја подобрат нивната усогласеност со законските барања.

Цел 2: Бизнис организациите да воспостават конструктивен дијалог за подобрување на регулативата.

Краткорочно влијание:

  • Подобрени капацитети на внатрешните и надворешните правни и финансиски советници;
  • Подобрување на размената и пристапот до информации;
     

Долгорочно влијание:

  • Зголемена финансиска и правна усогласеност на МСПа-та со регулативата;
  • Подобрена бизнис регулатива како резултат на предлозите на приватниот сектор;
  • Севкупно економско влијание;
     

Главни бизнис сектори кон кои е фокусиран овој проект се земјоделие, текстил, градежништво, ИТ и туризам.

Корисници:

  • Старт-ап компании;
  • Постоечки компании, идентификувани и селектирани од имплементациските партнери;
  • 70% од вкупниот број на корисниците вклучени во проектот ќе бидат лоцирани надвор од Скопје, а останатите од Скопје; 
  • Mинимум 30% жени претприемачи;
     

Активности на проектот:

A1: Ваучерска шема, Инфо сесии, Тренинзи за внатрешни и надворешни советници.

A2: Креирање на агрегатен портал со информации за бизнис регулативата.

A3: Организација на форуми за зголемување на свесноста и усогласеноста.

со правните и финансиски регулативи.

A4: Креирање на “Листи за самоконтрола” и водичи и брошури за усогласеност со законска регулатива.

A5: Подобрување на вештините и способностите на вработените во Коморите со цел поддршка на компаниите за усогласеност со регулативите.

A6: Воспоставување соработка и користење на добри практики во коморско работење од ЕУ.

A7: Промовирање на одржлива и независна платформа за пренесување на потребите на бизнис заедницата кон креаторите на политики.

A8: Развивање на капацитети за застапување и лобирање на имплементациските партнери.

A9: Развој на Позициски документи идентификувани преку таргетираните секторски групи.

A10: Промоција на ЕНЕР.

 

usaid_2


Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
Bul. Partizanski Odredi no. 4
(main entrance of Makedonija Soobrakaj)
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 75 280 506
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 Insta_icon yt_icon_2 twitter_icon_2

Events

No events