Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ E-информатор август - октомври 2017


 Webp.net-resizeimage_4

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ е водечка комора на компаниите кои работат во полето на ИКТ


            Webp.net-resizeimage_6  Webp.net-resizeimage_7  Webp.net-resizeimage_8  Webp.net-resizeimage_9  Webp.net-resizeimage_10                

 

 

 

Webp.net-resizeimage_3
 

 

МАСИТ ИКТ ДЕНОВИ

 

 

 

Одржана Конференција на МАСИТ за иновативни ИКТ решенија и трендови 
27 Септември 2017 

 

 Webp.net-resizeimage_1

 

Во рамки на МАСИТ ИКТ денови, најголемиот ИТ настан во државава, на 27 септември во Скопје се одржa Конференција за иновативни ИКТ решенија и трендови, на која се дискутираше на повеќе актуелни теми и прашања од областа на ИКТ иновациите во функција на подобар бизнис, живот и развој. На конференцијата која е поделена на мултидисциплинарни три дела, беше посветено големо внимание на подигнувањето на нивото на иновативноста на домашните ИКТ компании и на кои начини да дојде до подобра соработка помеѓу науката, компаниите и државата за постигнување на таа цел. Повеќе

 

 

 

Одржан ФОРУМ: Регулатива на работните односи и пазарот на труд во ИКТ секторот
26 Септември 2017 

 

 Webp.net-resizeimage_4

 

На 26 септември 2017 година МАСИТ во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива го организираше Форумот на тема регулатива на работните односи и пазарот на труд во ИКТ (информатички и комуникациски технологии) секторот. Целта на овој настан беше да ги претстави главните предизвици во областа на работните односи кои се специфични за ИКТ секторот во Македонија. Повеќе

 

 

 

АКТИВНОСТИ

 

 

 

Потпишување на Меморандум во рамки на проектот за Социјална инклузија преку технологија
26 Октомври 2017

 

 Webp.net-resizeimage_5

Во рамки на проекот Социјална инклузија преку технологија финансиран од УСАИД, се одржа настан за официјално потпишување на Меморандум за поддршка на практикантска работа за учесниците на проектот. На настанот се обратија Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, директорот на Државен инспекторат за труд, Алајдин Хавзиу и претставникот на УСАИД, Едвард Гонзалес. МАСИТ е партнер во проектот со цел спроведување на практична работа за лицата со попреченост во ИКТ компаниите, како и подигнување на свеста за инклузивноста на овие лица како во општеството така и во ИКТ секторот. Повеќе

 

 

 

Одржани се три настани за промоција на сајбер безбедноста во Македонија
 3, 5 и 24 Октомври 2017

 

 Webp.net-resizeimage_6

По повод 5 годишнината на Европскиот месец за сајбер безбедност, во просториите на ЕУ инфо центарот во Скопје се одржаа три настани за промоција на сајбер безбедноста во Македонија. Настаните беа организирани од страна на Т&П Консалтинг, а во соработка со МАСИТ и останати соработници и се одннесуваа на следните теми:

  • Предизвици за владиниот сектор (03.10.2017)
  • Предизвици за бизнис секторот (05.10.2017)
  • Сајбер ризици во здравствениот сектор (24.10.2017)

 

 

 

Средба со Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев
20 Септември 2017

 

 Webp.net-resizeimage_11

Делегација од членовите од Управен Одбор на МАСИТ присуствуваа на јавна трибина во Владата која се одржа на 20.09.2017, каде Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев ги презентираше мерките од „Планот за економски раст“ на Владата. Повеќе

 

 

 

Форум на градоначалници во Подгорица, 
14-15 Септември 2017 

 

 Webp.net-resizeimage_7

Претседателот на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), г-дин Горан Попоски присуствуваше на вториот Форум на градоначалници во Подгорица, Црна Гора, на кој потпиша меморандум за соработка со Н.Р. Кина. Самитот се одржа на 14-15 септември 2017 каде присуствуваа и градоначалници на 16 земји од ЦИЕ, претседатели и заменици на стопански комори вклучени во процесот од ЦИЕ, како и градоначалникот на Пекинг.Повеќе

 

 

 

Состанок за развивање на нови ИТ профили во Националната рамка на квалификации, 
5 Септември 2017

 

 Webp.net-resizeimage_8

Состанокот беше одржан на иницијатива на твининг проектот финансиран од ЕУ во соработка со Министерство за образование и наука: Понатамошно подобрување на системот за развој и имплементација на Националната рамка на квалификации. Целта на овој состанок беше проектниот тим да работи со МАСИТ на анализа на спецификацијата на барањата и карактеристиките на ИТ квалификациите за профилите Software tester basic, Software tester advanced и Java developer, кои ќе влезат во Националната рамка на квалификации и за кои понатаму компаниите би можеле дополнително да покренат активности за креирање на програми и за истите да бидат сертифицирани од страна на Министерството за образование. 

 

 

 

Состанок со Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, 
1 Септември 2017 

 

 Webp.net-resizeimage_12

Во рамки на состанокот беа дускутирани повеќе активности и предлози за соработка помеѓу МИОА и МАСТ. Од кои ги издвојуваме следниве: Даночни стимулации за ИКТ компаниите (данокот на добивка за ИКТ компаниите, намалување на ДДВ за интернет продажба и прогресивен персонален данок), реактивирање на Национален совет за информатичко општество – НСИО, предлог за вклучување на МАСИТ како дел од бизнис делегации паралелно на владини делегации и активности на МИОА за отворање на технолошки парк.

 

МАСИТ е дел од конзорциумот на проектот "Green Ict deVElopment (GIVE)" во рамки Balkan and Black Sea ICT Cluster Network

 

 Webp.net-resizeimage_13

МАСИТ заедно со неколку ИКТ кластери од регионот кој се дел од Balkan and Black Sea ICT Cluster Network, се поканети да потпишат договор грант со Eвропската комисија. Имено, конзорциумот од 8 кластери координиран од Бугарскиот ИКТ кластер како водечкi партнер поднесе предлог проект со име GIVE (акроним) под COSME Call: COS-CLUSINT-2016-03-01 (Clusters go International). Генералната цел на проектот "Green Ict deVElopment (GIVE)" е да се изгради стратешко партнерство во областа на паметните еко технологии меѓу трите значајни индустрии: автомобилската индустрија, обновливата енергија и ИКТ. Повеќе

 

 

 

 

 

Проект за преквалификација на ИКТ кадри

 

 Webp.net-resizeimage_9

 

Во периодот помеѓу месец април и септември, МАСИТ со поддршка на УСАИД/РЕГ проектот и соработка со Seavus Education & Development Center го спроведе проектот за преквалификација на ИКТ кадри во рамки на кој кандидатите имаа можност да се пријават и да се пре-квалификуваат во два профили - .NET developer и Front End Web Developer. 
Во рамки на Проектот за преквалификација на кадри студентите ги презентираа финалните проекти, по реализираните обуки за .NET и Front End Web Developer програмери. Повеќе

 

 

 

Проект на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива

 

 

 

 Webp.net-resizeimage_14

Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива е четиригодишен проект финансиран од УСАИД, имплементиран од ЕПИ Центар Интернационал и МАСИТ, Стопанска комора на Македонија и Стопанска комора на Северо-Западна Македонија со цел да им помогне на микро и малите бизниси да ја подобрат нивната усогласеност со законските барања и да им помогне на организациите/коморите да воспостават конструктивен дијалог со надлежните институции за подобрување на регулативата. Во рамки на проектот беа одржани следниве настани:

 

Форумот на тема: Регулатива на работните односи и пазарот на трудот во компаниите кои се занимаваат со вршење на интелектуални дејности
Битола, 25 Септември 2017

 


 Webp.net-resizeimage_10

 

Презентација на работен план 2018
Скопје, 26 Октомври 2017

 

 Webp.net-resizeimage_11

Во рамките на проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, имплементиран од ЕПИ Центар Интернационал во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија, Стопанска комора на Македонија и Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии, беше презентиран работниот план за 2018 година. Повеќе

 

 

 

Компании членки на МАСИТ

 

Аг Футура Технологии ДОО 
Адева ИТ ДОО 
Акселтра ДООЕЛ
Алозис Комуникејшнс ДОО
АЛОКЕЈТ СОФТВЕР ДООЕЛ
Артисофт ДООЕЛ
Артхаус ДОО
АСИ ДООЕЛ
АСПЕКТ ДОО
АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ
Балкантел ДОО
Бланк ДООЕЛ
БРАНСИС ДООЕЛ
Вејпр Апликација ДООЕЛ
БЦС ДОО
Вокс Тенео Македонија
ГДИ ГИСДАТА ДООЕЛ
Горд Системи ДООЕЛ
Даталаб
Доајен Дата Систем (ДДС) ДООЕЛ
Едусофт ДОО
Еликософт Раде ДООЕЛ
ЕНДАВА ДООЕЛ
Ериксон Телекомуникации Македонија ДООЕЛ
ИНЕЛИПСЕ ДООЕЛ
ИВОТЕ ДОО
Инет ДОО
ИНПЛЕЕР ХУБ ДООЕЛ
ИНСКЕЈЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Интелигент Нетворк Солутионс ДОО
ИНТЕРВОРКС ДООЕЛ
Инфините Солутионс ДОО
Инфомедиа Системи ДООЕЛ
Искон Решенија ДОО
Исоурце ДОО
ИТ ЛАБС ДОО
ИТГМА ДОО

 

ИТС ИСКРАТЕЛ
ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ  СИСТЕМИ КАБТЕЛ ДООЕЛ
Кодит Солушн ДООЕЛ
Космик Девелопмент ДОО
Креолитик ДООЕЛ
Ланком Компјутери ДОО
Македонски Бизнис Системи ДООЕЛ
Македонски Телеком АД
Макпетрол АД
Микрософт ДООЕЛ Скопје
МКХост
Мобико ДООЕЛ
Наги Корпорација ДООЕЛ
Некстсенс ДОО
НЕОКОМ АД
НЕОТЕЛ ДОО
Нетра ДОО
Нетцетера ДООЕЛ
ОНЕ.ВИП
Орацле Еаст Централ Еуропе 
Сеавус Едукативен и Развоен Центар
Семос ДОО
Семос Ком. Образовен Центар

Симт експорт-импорт Скопје
СРЦ Системска Интеграција ДООЕЛ
Т.Д.К. Компјутери ДООЕЛ
Технологика ДООЕЛ
Ултра ДОО
Ултранет ДОО
Универзитет "Гоце Делчев" - Штип
Факултет за информатички и комуникациски технологии - ФИНКИ
ФОКСИТ ДОО
Циско Системс Македонија ДООЕЛ
Нови членки во период од 07-10.2017:
ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО, СКОПЈЕ - Brainster

 

Информирајте се повеќе за членството во МАСИТ

 

        Webp.net-resizeimage_14          Webp.net-resizeimage_15

 

 

 

 

 

МАСИТ е членка на WITSA (Светска Алијанса на Информатички Технологии и Услуги) која е водечки конзорциум во ИКТ индустријата во кој членуваат здруженија од 82 различни држави/економии. 

                       Webp.net-resizeimage_15

 

МАСИТ е дел од Balkan and Black Sea ICT Clusters Network заедно со 17 ИКТ асоцијации од регионот и пошироко.

                     Webp.net-resizeimage_16

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
Bul. Partizanski Odredi no. 4
(main entrance of Makedonija Soobrakaj)
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 75 280 506
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

No events