Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ E-информатор ноември - јануари 2017/18


 Webp.net-resizeimage_4

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ е водечка комора на компаниите кои работат во полето на ИКТ


            Webp.net-resizeimage_6  Webp.net-resizeimage_7  Webp.net-resizeimage_8  Webp.net-resizeimage_9  Webp.net-resizeimage_10                

 

 

 

MASIT_vol3

 

 АКТИВНОСТИ 

 

 

Одржан информативен настан од областа на „Животна средина“ во Тетово 
30 Јануари 2018

 

 Screenshot_1

Во рамки на Проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се одржа вториот информативен настан во 2018 година од областа на „Животната средина“ во Тетово. На настанот беа опфатени две теми:
- Законските прописи од областа на животната средина и управување со отпад во функција на развој, унапредување и конкурентност на компаниите
- Предлози за подобрување на постојните законски/подзаконски постапки, барања, услови и временски периоди на спроведување на постапките кои произлегуваат од законите за животна средина, за подобро бизнис опкружување.

 

 

Одржан е првиот работен состанок на Balkan and Black Sea ICT clusters network за 2018 година
25 Јануари 2018

 

 Screenshot_2

 

На 25 јануари во Софија, Бугарија се одржа првиот работен состанок на Black Sea ICT Clusters Network за 2018 година. Покрај бројните технички, организациски и тековни прашања, мрежата одобри уште 4 нови членови/асоцијации, со што вкупниот број изнесува 27 организации од 13 земји. МАСИТ е горд партнер на оваа мрежа која брои многу активни ИТ асоцијации, промовирајќи позитивни промени во нашиот регион. Повеќе

 

 

 

 

 

Во рамки на Проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ одржана е инфо сесија на тема: Права и обрски кои произлегуваат од Законот за работни односи
25 Јануари 2018

 

 Screenshot_3

Во рамки на Проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се одржа инфо сесија со фокус на две значајни теми „Приоритетни прашања и проблеми за промена на Законот за работни односи“ и „Дискусија на тема практиканство: потреби, искуства и предлози“. Настанот овозможи интерактивна дискусија и размена на искуства помеѓу сите учесници, со цел да се дојде до заклучоци за надминување на постојните бариери во процесот на законска имплементација и изнаоѓање на соодветни решенија како и подготовки за нов закон како потреба и иницијатива за регулирање на практиканството во нашата земја.

 

 

 

Во рамки на проектот Green Ict deVElopment (GIVE) одржан е првиот Kick-off meeting
 24-25 Јануари 2018

 

 Screenshot_4

Во рамки на проектот Green Ict deVElopment (GIVE) се одржа првиот Kick-off meeting на 24-25 јануари во Grand hotel, Софија, Бугарија. МАСИТ е дел од конзорциумот на проектот GIVE заедно со 8 асоцијации од регионот, координиран од Бугарскиот ИКТ кластер како водечкi партнер на проектот. Повеќе

 

 

 

Потпишување на Меморандум за соработка помеѓу четирите стопански комори
11 Јануари 2018

 

 Screenshot_5

На 11.01.2018 се потпиша Меморандумот за соработка помеѓу четирите стопански комори: Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на Северо-западна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија. Повеќе

 

 

 

Претседателот на Управен Одбор на МАСИТ Горан Попоски, во интервју за ТВ Нова
25 Декември 2017 

 

 Screenshot_6

Погледнете го во целост интервјуто на претседателот на Управен Одбор на МАСИТ Горан Попоски, со ексклузивни информации за отворањето на новиот технолошки парк на следниов линк

 

 

 

Ден за добрина - Хумана акција на членките и пријателите на МАСИТ 
21 Декември 2017

 

 Screenshot_7

Оваа година во концептот на Новогодишната забава, МАСИТ воведе ,,добра” иновација која му претходеше на настанот. Имено, во правец на додавање на посилна општествена вредност МАСИТ иницираше проект за обезбедување и донација на новогодишни пакетчиња за деца од ранливи категории. Поради огромниот интерес на ИКТ заедницата, МАСИТ го издигна проектот на ниво на караван од донации опфаќајќи неколку институции: Државно училиште за деца со оштетен вид ,,Димитар Влахов” Скопје, Дом за деца без родители ,,11 Октомври” Скопје и Заводот за згрижување, воспитување и образование на деца „Ранка Миловановиќ“. Повеќе

 

 

 

МАСИТ Новогодишна забава 2018 
21 Декември 2017 

 

 Screenshot_8

Традиционално на истекот на секоја година Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ ја организира најдобрата забава за ИКТ заедницата на која покрај добрата журка, се случува вмрежување на лидерите во индустријата во еден неформален и опуштен амбиент. Слики од забавата

 

Преку интернационализација на стопанството во Република Македонија до поголем економски раст
13 Декември 2017

 

 Screenshot_9

Во насока на зајакнување и зголемување на конкурентноста на македонската економија со цел поефикасна интернационализација на стопанството во Република Македонија преку Проектот на УСАИД - „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, на 13.12.2017 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, се одржа Форум на тема: „Преку интернационализација на стопанството до поголем економски раст”. Повеќе

 

 

 

 

Настан на тема: Стратегии за привлекување, селекција, развој и задржување на таленти и вработени во ИКТ-индустријата
12 Декември 2017

 

 Webp.net-resizeimage_9

 

МАСИТ во соработка со Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) на 12.12.2017 во Јавна соба организира настан за размена на искуства на темата HR-УСЛУГИ: Стратегии за привлекување, селекција, развој и задржување на таленти и вработени во ИКТ-индустријата. Целта на настанот беше учесниците да се запознаат со стратегиските предности од менаџирањето со талентите во една организација и придобивките за организацијата од соодветниот пристап кон оваа тема. Повеќе

 

 

 

МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија 2018
Декември 2017

 

 

 

 Screenshot_10

Во рамките на своите активности, за изборот на WITSAGlobal ICT Excellence Awards 2018, МАСИТ повторно организираше избор на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија за 2018 година. Оваа година, сите доставени номинации за „МАСИТ наградите за иновативни ИКТ решенија“ добија можност да бидат номинирани во изборот на “2018 WITSA Global ICT Excellence Awards”. Повеќе

 

МАСИТ организираше работилница на тема „Унапредување на работењето преку имплементирање на стандардите и анализа на податоците“
5 Декември 2017

 



 Screenshot_11

МАСИТ во соработка со консултантската фирма Alpha Solutions од Белград, организираше работилница на тема Унапредување на работењето преку имплементација на стандардите и анализа на податоците. На работилницата беа дискутирани следните теми:
1. Унапредување на работењето преку имплементација на стандардите
2. Унапредување на работењето преку анализа на податоците - (Унапредување на процесите на продажба, набавка, производство и сервисирање; Следење на статусот на проектите и на потрошените ресурси; Пресметка на профитабилноста на организационите единици и на проектите; Следење и оптимизација на залихите; Планирање и буџетирање; Дефинирање на плановите за продажба на производот/услугата, набавка и производство; Систем на известување; Мерење на перформансите на вработените, системот за бонуси, опис на работните места, одговорност и овластувања на вработените).

 

Форум "Регулатива од областа на просторното планирање, градежно земјиште и постапките за градење"
13 Ноември 2017

 

 Screenshot_12

Во рамки на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, во Тетово се одржа Форум на тема: "Регулатива од областа на просторното планирање, градежно земјиште и постапките за градење". На Форумот беа присутни градежните компании од Полошкиот Регион и сите засегнати страни , а беше дискутирано околу регулативата во градежната индустрија, подобрување на индустријата и како компаниите да бидат усогласени со законската регулатива.

       

ПРОЕКТ ЗА ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈА НА ИКТ КАДРИ 
                                7 Ноември 2017


Screenshot_13

 

Доделени беа дипломите на учесниците од проектот за преквалификација на ИКТ кадри, за обуките .NET и FrontEnd Developer. Во периодот помеѓу месец април и септември со MASIT ICT Chamber of Commerce и поддршка на УСАИД/РЕГ проектот го спроведовме проектот за преквалификација на ИКТ кадри во рамки на кој кандидатите имаа можност да се пријават и да се пре-квалификуваат во два профили: .NET developer и Front End Web Developer. Кандидатите стекнаа вештини, знаења и практично искуство кои се потребни на ИКТ компаниите се со цел да се вработат во истите. Повеќе

Претседателот на Управен Одбор на МАСИТ Горан Попопски, во интервју за Иновативност 
                                         4 Ноември 2017

Screenshot_14

Претседателот на Управен Одбор на МАСИТ Горан Попоски, во интервју за Иновативност . Главна тема на интервјуто беше основањето технолошки парк, кој ќе ги спои академската и бизнис заедницата со цел да се зголеми иновативниот потенцијал на земјата и конкурентноста на економијата. Повеќе

 

 

 

Компании членки на МАСИТ

 

Аг Футура Технологии ДОО 
Адева ИТ ДОО 
Акселтра ДООЕЛ
Алозис Комуникејшнс ДОО
АЛОКЕЈТ СОФТВЕР ДООЕЛ
Артисофт ДООЕЛ
Артхаус ДОО
АСИ ДООЕЛ
АСПЕКТ ДОО
АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ
Балкантел ДОО
Бланк ДООЕЛ
БРАНСИС ДООЕЛ
Вејпр Апликација ДООЕЛ
БЦС ДОО
Вокс Тенео Македонија
ГДИ ГИСДАТА ДООЕЛ
Горд Системи ДООЕЛ
Даталаб
Доајен Дата Систем (ДДС) ДООЕЛ
Едусофт ДОО
Еликософт Раде ДООЕЛ
ЕНДАВА ДООЕЛ
Ериксон Телекомуникации Македонија ДООЕЛ
ИНЕЛИПСЕ ДООЕЛ
ИВОТЕ ДОО
Инет ДОО
ИНПЛЕЕР ХУБ ДООЕЛ
ИНСКЕЈЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Интелигент Нетворк Солутионс ДОО
ИНТЕРВОРКС ДООЕЛ
Инфините Солутионс ДОО
Инфомедиа Системи ДООЕЛ
Искон Решенија ДОО
Исоурце ДОО
ИТ ЛАБС ДОО
ИТГМА ДОО

 

ИТС ИСКРАТЕЛ
ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ  СИСТЕМИ КАБТЕЛ ДООЕЛ
Кодит Солушн ДООЕЛ
Космик Девелопмент ДОО
Креолитик ДООЕЛ
Ланком Компјутери ДОО
Македонски Бизнис Системи ДООЕЛ
Македонски Телеком АД
Макпетрол АД
Микрософт ДООЕЛ Скопје
МКХост
Мобико ДООЕЛ
Наги Корпорација ДООЕЛ
Некстсенс ДОО
НЕОКОМ АД
НЕОТЕЛ ДОО
Нетра ДОО
Нетцетера ДООЕЛ
ОНЕ.ВИП
Орацле Еаст Централ Еуропе 
Сеавус Едукативен и Развоен Центар
Семос ДОО
Семос Ком. Образовен Центар

Симт експорт-импорт Скопје
СРЦ Системска Интеграција ДООЕЛ
Т.Д.К. Компјутери ДООЕЛ
Технологика ДООЕЛ
Ултра ДОО
Ултранет ДОО
Универзитет "Гоце Делчев" - Штип
Факултет за информатички и комуникациски технологии - ФИНКИ
ФОКСИТ ДОО
ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО, СКОПЈЕ - Brainster
Циско Системс Македонија ДООЕ
Л
Нови членки во период од 11-01.2017/18:
Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје

 

Информирајте се повеќе за членството во МАСИТ

 

        Webp.net-resizeimage_14          Webp.net-resizeimage_15

 

 

 

 

 

МАСИТ е членка на WITSA (Светска Алијанса на Информатички Технологии и Услуги) која е водечки конзорциум во ИКТ индустријата во кој членуваат здруженија од 82 различни држави/економии. 

                       Webp.net-resizeimage_15

 

МАСИТ е дел од Balkan and Black Sea ICT Clusters Network заедно со 17 ИКТ асоцијации од регионот и пошироко.

                     Webp.net-resizeimage_16

Одржан информативен настан од областа на „Животната средина“ во Тетово
30 Јануари 2018

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

MASIT_Novogodisna_zabava_2018