Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ E-информатор февруари - април 2018

 

cover_vol_3

АКТИВНОСТИ

Одржанa инфо сесија со цел презентација на Јавниот повик „ПристАПП транспорт“ во МАСИТ
27 Април 2018

vest_1_vol_3

Компаниите членики на МАСИТ имаа можност да присуствуваат на инфо сесија во МАСИТ со цел презентација на Јавниот повик „ПристАПП транспорт“. Презентацијата беше одржана од страна на претставници од Фонд за иновации и технолошки развој, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Министерство за транспорт и врски. Повеќе

Одржан е информативен настан во рамки на Проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива” во Струмица
26 Април 2018

vest_2_vol_3

На 26 април 2018 во Струмица, Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа инфо сесија на тема "Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделството за подобрување на локалната економија". Учесниците на информативната сесија беа во можност да дискутираат за потребата од уредување на областа од советодавните услуги во земјоделско-прехранбениот сектор.

Во рамки на Проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ одржан e Форум на тема: „Инвестиции за долгорочен економски развој“
25 Април 2018

vest_3_vol_3

Проектот на УСАИД партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум на тема „Инвестиции за долгорочен економски развој“. Ова е единаесеттиот форум во низата настани организирани од проектот, со цел започнување на разговори помеѓу бизнис заедницата и јавните институции за одредени прашања кои ја засегаат правната усогласеност на компаниите во Македонија. Повеќе 

Одржан е Форум на тема „Инвестиции за долгорочен економски развој во агро-бизнис секторот“ во Велес
23 Април 2018

vest_4_vol_3

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум во Велес на тема „Инвестиции за долгорочен економски развој во агро-бизнис секторот“. Во фокус на дискусиите беа законската регулатива, програмите за поддршка, обемот и квалитетот на потребните советодавни услуги, како и финансиите и светските трендови како основа за зголемување на инвестициите со фокус на агро-бизнис секторот. 

Претседателот на МАСИТ, г-дин Горан Попоски беше говорник во панелот “Digital environment networks and services connectivity and access“ во рамки на Western Balkans Digital Summit, Skopje 2018
18 - 19 Април 2018

vest_5_vol_3 

МАСИТ ја поддржа организацијата на Digital Summit - Western Balkans 6, кој ќе се одржа на 18-19.04.2018 година во Скопје. Како дел од официјалната агенда на настанот Претседателот на МАСИТ, г-дин Горан Попоски беше говорник во панелот “Digital environment networks and services“. Воедно во рамките на Дигиталниот самит членките на МАСИТ: Telekom MK, ASI - Alternative System Integration, S&T Macedonia GDi, Nextsense, Vip, Semos, Cisco, Neocom и Asseco SEE земаа свое учество како дел од Дигиталното ЕКСПО.

Одржан е информативен настан во рамки на Проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива” во Кочани
11 Април 2018

vest_6_vol_3 

Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, на 11 април 2018 година во ресторан „Амор“ - Кочани, се организираше информативен настан на тема: „Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи“. Повеќе

Одржано Годишно Собрание на МАСИТ
29 Март 2018

 vest_7_vol_3

МАСИТ го одбележа своето 18 годишно постоење со одржување на свечено Годишно Собрание во хотел „Stone Bridge“ на 29.03.2018. Во рамки на настанот се одржа и јавна панел дискусија на тема ,,Развојот на ИКТ индустријата” на кој се обратија:
· Претседателот на Управниот Одбор на МАСИТ, г-дин Горан Попоски,
· Министерот за информатичко општество и администрација, г-дин Дамјан Манчевски,
· Амбасадорот на Холандија во Македонија, г-дин Wouter Plomp, · Директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, г-дин David Atteberry. Повеќе

Одржан информативен настан на тема: "Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи" во Дебар
28 Март 2018

 vest_8_vol_3

Законски одредби кои во пракса се покажуваат проблематични за примена, различно се интерпретираат и не кореспондираат со современите потребни на работниот однос беа теми за дискусија на информативниот настан на тема "Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи" во Дебар. Настанот беше организиран во рамки на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.

Повик за учество во истражување во рамки на Green Ict deVElopment (GIVE) - прибирање податоци со цел креирање на Стратегија за интернационализација
19 Март 2018

vest_9_vol_3

Во рамки на Проектот Green ICT Development - GIVE финансиран од Европската комисија преку COSME програмата, ви ја претставуваме првата поголема активност со цел да се пронајдат клучните прашања за поставување на заедничка стратегија за интернационално вмрежување на кластери и меѓусекторска соработка. За таа цел ве повикуваме да го пополните овој краток прашалник за кој се потребни од 10 до 15 минути. Прибраните податоци ќе се користат за креирање на Стратегија за интернационализација на проектниот конзорциум и ќе придонесат за понатамошен развој на економијата. Прашалникот можете да го пополните на следниот линк.

Се одржа инфо сесија на тема: „Законски прописи од областа на животна средина, постапување со отпад од електрична и електронска опрема“ во Скопје
15 Март 2018

vest_10_vol_3

На 15.03.2018 година во хотел ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје, се одржа инфо сесија на тема “Законски прописи од областа на животната средина, постапување со отпад од електрична и електронска опрема во функција на развој, унапредување и конкурентност на компаниите“ во рамки на Проектот на УСАИД - Партнрство за подобра бизнис регулатива. Повеќе

Одржан информативен настан во Штип во рамки на Проектот на УСАИД - „Партнерство за подобра бизнис регулатива”
2 Март 2018

vest_11_vol_3

На информативниот настан “Реформи во јавните набавки со посебен осврт на нацрт текстот на Законот за јавни набавки” во Штип, г-дин Драган Тевдовски, Министерот за Финансии, ги претстави реформите во јавните набавки, а предавачи и истакнати експерти во наведената област го презентираа нацрт текстот на новиот Законот за јавни набавки. Дополнително беа презентирани и предлозите од претходните два информативни настани усогласени од страна на стопанските комори. Во дискусијата беше вклучена и бизнис заедницата со нови конкретни предлози во врска со можните подобрувања на новиот Закон за јавни набавки.

Дводневни обуки за стручно усовршување за правни субјекти согласно Законот за безбедност и здравје при работа од областа на текстилот
27-28 Февруари 2018

vest_12__vol_3

Околу 70 стручни лица, потенцијални експерти (даватели) на ко-финансирани консултантски услуги присуствуваат на дводневната обука од областа на текстилот на тема "Обука за стручно усовршување за правни субјекти кои имаат овластувања за вршење на стручни работи за безбедност при работа согласно Законот за безбедност и здравје при работа од областа на текстилот". Обуката е организирана како дел од Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива во соработка со ЗБР 28-ми Април.

Претседателот на МАСИТ, г-дин Горан Попоски гостуваше во емисијата Бизнис365 на МРТВ
24 Февруари 2018

vest_13_vol_3

Претсетаделот на МАСИТ, г-дин Горан Попоски гостуваше во емисијата Бизнис365 на МРТВ. Главни теми во разговорот беа придонесот на ИКТ секторот во македонската економија, трендовите, правците на ИКТ индустријата и важноста на МАСИТ за целокупната развојна динамика на секторот локално и интернационално. Погледнете го интервјуто во целост на следниот линк.

Интервјуа со вработени во компанијата АССЕКО СЕЕ во рамки на Проектот за преквалификација на ИКТ кадри
14 Февруари 2018

vest_14_vol_3

Asseco SEE Skopje учествуваше во Проектот за Прекфалификација на ИКТ кадри, кој е спроведен од страна на МАСИТ, а финансиран од УСАИД. Успешната приказна за вработувањето на еден од учесниците во обуките во рамки на Проектот е раскажана во интервјуто на Наташа Костојчиноска Дамјанска, senior HR specialist, како и ново вработениот Дејан Пеески, Помлад Програмер. Повеќе

Интервјуа со вработени во компанијата Унет во рамки на Проектот за преквалификација на ИКТ кадри
14 Февруари 2018

vest_15_vol_3

Ви пренесуваме успешна приказна во рамки на Проектот за прекавалификација на ИКТ кадри кој беше спроведен од страна на МАСИТ, а финансиран од УСАИД. Се работи за кандидатот Христина Јосифоска која максимално ги искористи стекнатите вештини и знаење од обуката. Таа успешно ја помина практичната работа во компанијата Унет и ја продолжи својата кариера со нова професија во ИТ светот. На следниот линк во целост можете да ги прочитате интервјуата со Христина и Соња Спиридонова, кои со задоволство го пренесуваат своето искуство, предлози и став за спроведениот проект.

Се одржа инфо сесија на тема: „Реформи во јавните набавки со посебен осврт на нацрт текстот на Законот за јавни набавки” во Скопје
14 Февруари 2018

vest_16_vol_3

Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку Проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива во соработка“, на 14.02.2018 година во Стопанската комора на Македонија - Скопје, се организираше информативен настан на тема: „Реформи во јавните набавки со посебен осврт на нацрт текстот на Законот за јавни набавки” во соработка со Министерството за финансии на Република Македонија и Бирото за јавни набавки на РМ. Повеќе

Одржан информативен настан на тема: „Приоритетни прашања и проблеми за промена на Законот за работни односи“ во Битола
6 Февруари 2018

vest_17_vol_3

Целта на овој информативен настан беше да се посочат одредби кои во пракса се покажуваат проблематични за примена, кои различно се интерпретираат и кои не кореспондираат со современите потреби на работниот процес. Да се иницираат конкретни решенија за Законски промени имајќи ја во предвид релацијата на Законот за работни односи со други прописи. Наменето е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони и информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог. Повеќе

КОМПАНИИ ЧЛЕНКИ НА МАСИТ

info_za_masit
           Webp.net-resizeimage_15           Webp.net-resizeimage_14


МАСИТ е членка на WITSA (Светска Алијанса на Информатички Технологии и Услуги) која е водечки конзорциум во ИКТ индустријата во кој членуваат здруженија од 82 различни држави/економии.

 WITSA_logo

МАСИТ е дел од Balkan and Black Sea ICT Clusters Network заедно со 27 ИКТ асоцијации од регионот и пошироко.

 bbs_ict_logo

 

МАСИТ е дел од конзорциумот на проектот GIVE заедно со 8 други асоцијации, координиран од Бугарскиот ИКТ кластер како водечкi партнер на проектот.

 

givr_logo_vol_3 
 МАСИТ е дел од European DIGITAL SME Allianceе, во која членуваат 28 национални и регионални асоцијации и ја претставуваат најголемата мрежа за мали и средни претпријатија во ИКТ секторот во Европа.  Digital_SME



PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

MASIT_Novogodisna_zabava_2018