Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ E-информатор мај - јули 2018

cover_maj_juni

АКТИВНОСТИ


Потпишување на Меморандум за соработка со Владата на Република Македонија, во рамки на Проектот на УСАИД - „Партнерство за подобра бизнис регулатива“
9 Мај 2018

zaev

На 09.05.2018 година во Владата на Република Македонија, во рамки на Проектот на УСАИД - „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ четирите комори-партнери во проектот, потпишаа Меморандум за соработка со Владата на РМ. МАСИТ со години работи на иницијативата за олеснета и директна комуникација помеѓу Владата и бизнис заедницата и потпишувањето на меморандумот претставува голем чекор во процесот на градење стабилна и плодна соработка и зајакнување на дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор.


МАСИТ зема учество на Technology Forum 2018 во Солун, Грција
16 Мај 2018

bbs_solun

На 16-ти мај 2018 година, во Солун, Грција се одржа Technology Forum во организација на 20 партнери, вклучително и организации од BSO, академски институции и истражувачки центри. МАСИТ зема свое учество во организација на Форумот како дел од Black Sea ICT Cluster Network која беше дел од Организацискиот Комитет со придонес за Агендата со презентери, како и придонес во организација на Б2Б средбите.


Одржан е информативен настан во рамки на Проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива” во Скопје
16 Мај 2018

usaid_nastan_1

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, организираше информативен настан на тема „Потреба од промена на развојна програма во делот на класификацијата и страндардизацијата во туризмот и угостителството" во Скопје. Целта на овој информативен настан беше согледување на постоечката состојба, предлагање на најсоодветни предлози за идниот развој на туризмот и угостителството, иницирање конкретни решенија за финализирање на предложените законски промени како и дополнување на определени законски акти кои што детално би го регулирале спроведувањето на законската регулатива, а со тоа би се постигнал зголемен и подолгорочен развој на туризмот и угостителството.


 МАСИТ организираше тренинг на тема: Регулатива за заштита на лични податоци 
29 Мај 2018

trening_gdpr

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум во Велес на тема „Инвестиции за долгорочен економски развој во агро-бизнис секторот“. Во фокус на дискусиите беа законската регулатива, програмите за поддршка, обемот и квалитетот на потребните советодавни услуги, како и финансиите и светските трендови како основа за зголемување на инвестициите со фокус на агро-бизнис секторот.


МАСИТ организираше after work забава по повод релокација на канцелариите
1 Јуни 2018

zabava_masit_juni

По повод реалокацијата на канцелариите на МАСИТ организираше уникатна after work забава на која членовите на УО ги истакнаа своите кулинарски способности, а членките не почастија со своето присуство и позитивна енергија.


 Во рамки на проектот на УСАИД - „Партнерство за подобра бизнис регулатива“се одржа презентација на новиот агрегатен веб портал |
13 Јуни 2018

agregaten_prezentacija

На 13 јуни 2018 година во рамки на проектот на УСАИД - „Партнерство за подобра бизнис регулатива“се одржа презентација на новиот агрегатен веб портал www.biznisregulativa.mk во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. На веб порталот, претпријатијата ќе имаат можност на едно место да се информираат, прашаат и самооценуваат, преку уникатни алатки кои се соодветно дизајнирани да им овозможат на претпријатијата брз пристап до информации кои се од особена важност за нивната усогласеност со бизнис регулативата. Идејата започна од потребата иновативноста да се спои со функционални решенија кои ќе им бидат лесно достапни на претпријатијата во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија.


 Компании членки на МАСИТ учесници на ANGA COM 2018 
12-14 Јуни 2018

anga_com_2018

МАСИТ во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ, во рамките на своите активности во делот на промоција на извоз на македонските компании организира национален штанд за македонските компании од секторот на Информациски и комуникациски технологии (ИКТ) на саемот ANGACOM – Exhibition and Conference кој се одржува во Келн, Германија.


 Одржан е вториот состанок во рамки на Проектот Green Ict deVElopment (GIVE) 
27-28 Јуни 2018

give_2 

Во рамки на проектот Green Ict deVElopment (GIVE) се одржа вториот состанок на 27-28 јуни во Клуж, Романија. МАСИТ е дел од конзорциумот на проектот GIVE заедно со 8 асоцијации од регионот, координиран од Бугарскиот ИКТ кластер како водечкi партнер на проектот. Генералната цел на проектот "Green Ict deVElopment (GIVE)" е да се изгради стратешко партнерство во областа на паметните зелени-технологии меѓу трите значајни индустрии: автомобилската индустрија, обновливата енергија и ИКТ.


 Одржан е вториот работен состанок на Balkan and Black Sea ICT Clusters Network за 2018 година 
29 Јуни 2018

bbs_cluj

 На 29 јуни 2018 година се одржа редовниот состанок во рамки на Balkan and Black Sea ICT Clusters Network во Клуж, Романија. За време на состанокот беа дефинирани следните активности на BBS ICT Network, а исто така од страна на Anita Tregner Mlinaric беше презентирана Предлог-стратегијата за одржливост на мрежата. Документот е поддржан од Regional Economic Growth (REG) USAID проектот, кој е многу важен за понатамошниот развој на BBS ICT Network и активности поврзани со Кластерите за ИКТ од регионот на Балканот. Новиот член на BBS ICT Network е кластерот Smart Green Technologies од Латвија.


Интервју со претставници од Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“
11 Јули 2018

usaid_intervju

На 11.07.2018, претставници од Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ зборуваа за актуелните проектни активности. За првпат четирите стопански комори во државата работат заеднички на ваков проект кој ќе резултира со зајакнување на нивните капацитети во процесот на посредување помеѓу компаниите од приватниот сектор и јавните институции во државата. Заедничкото делување на различни стопански комори не е честа појава во регионот и пошироко, и може да послужи за пример како сплотеноста во остварување на заеднички цели. Интервјуто беше спроведено и пренесувано во живо од страна на Facebook страната на USAID Macedonia, истото можете да го погледнете во целост и на видеото подолу.


Одржан работен состанок на тема: Развој и унапредување на работната сила
13 Јули 2018

raboten_sostanok

Во организација на BEP USAID Проектот и Министерството за труд и социјална политика, на 12.07.2018 година во хотел Holiday Inn, Скопје беше одржан работен состанок на тема: Развој и унапредување на работната сила. Учество земаа повеќе претставници од јавниот сектор како Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Министерството за образование. Дополнително, повеќе претставници од приватниот сектор со своето присуство укажаа на повеќе проблеми и недостатоци со кои се среќаваат, а се со цел разбирање на текот на моменталните потреби на пазарот, како и помошта која може да биде укажана на невработените лица со цел нивно вработување и збогатување на формалното и неформалното образование.


ИДНИ НАСТАНИ 


 ФОРУМ и КОНФЕРЕНЦИЈА на МАСИТ 2018 
26-27 Септември 2018

masit_conference

Со особено задоволство би сакале да ви го најавиме одржувањето на двата претстојни настани:

24 Септември 2018 во Битола и 26 Септември 2018 во Скопје

ФОРУМ: Како да се подобри бизнис опкружувањето во Македонија / општествени и економски промени

Форумот се организира во рамки на Проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ во кој МАСИТ е партнер и е наменета за обработување и дискусија на теми поврзани со регулативата во ИКТ секторот.


27 Септември 2018 во Скопје

КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАСИТ: Дигитална трансформација во Македонија / предизвик или реалност

Оваа конференција е организирана од МАСИТ како главен организатор и има за цел да обработи теми од интерес на ИКТ компаниите како што се: Internet of things, Security и Cloud Computing.


Регистрациската форма за присуство на наведените настани е достапна на следниот линк. 


 SOUTH EAST EUROPEAN SOFTWARE TESTING CONFERENCE (SEETEST) 2018
27-28 Септември 2018

seetest_2018

Оваа година МАСИТ е партнер поддржувач во организација на конференцијата South East European Software Testing Conference (SEETEST 2018), која ќе се одржи во Белград, Србија, на 27-28 септември 2018 година. SEETEST 2018 ќе покрива теми како што се Security Testing, Mobile Testing, Test Automation, Cloud Testing и многу повеќе актуелни трендови во областа на Quality Assurance.


SEE-IT SUMMIT 2018
7-9 Ноември 2018

seeit_summit_2018

МАСИТ е партнер во организација на овогодинешниот SEE-IT Самитот, кој е првиот меѓународен Самит на Западен Балкан. Во рамки на Самитот е предвидена тродневна програма која вклучува повеќе конференции, работилници, саем, панели, B2B состаноци, екслузивни HR услуги и друго. Самитот ќе се одржи во Нови Сад, од 7 – 9 Ноември, каде регионот ќе биде претставен пред меѓународни говорници, спонзори, инвеститоти и експерти. 

info_za_masit
           Webp.net-resizeimage_15           Webp.net-resizeimage_14


МАСИТ е членка на WITSA (Светска Алијанса на Информатички Технологии и Услуги) која е водечки конзорциум во ИКТ индустријата во кој членуваат здруженија од 82 различни држави/економии.

 WITSA_logo

МАСИТ е дел од Balkan and Black Sea ICT Clusters Network заедно со 27 ИКТ асоцијации од регионот и пошироко.

 bbs_ict_logo

МАСИТ е дел од конзорциумот на проектот GIVE заедно со 8 други асоцијации, координиран од Бугарскиот ИКТ кластер како водечкi партнер на проектот.

givr_logo_vol_3 
 МАСИТ е дел од European DIGITAL SME Allianceе, во која членуваат 28 национални и регионални асоцијации и ја претставуваат најголемата мрежа за мали и средни претпријатија во ИКТ секторот во Европа.  Digital_SME

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48