Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Трета МК конференција:

„Предизвиците на транзиција на семејните бизниси“ - 31 Мај

Clear_View


Би сакале да ве информираме за одржување на конференцијата „Предизвици на транзицијата на семејните бизниси“, која ќе се одржи на 31 Мај 2017 на Скопскиот Саем. Конференцијата е во организација на Clear View, лиценциран бизнис тренинг центар кој веќе 10 години им помага на компаниите да ги подобрат бизнис резултатите. 

МАСИТ, како поддржувач на оваа конфереренција за компаниите членки обезбеди попуст од 10% на котизацијата.

Конференцијата е организирана во 3 сесии, по секоја сесија следи панел дискусија со девет панелисти, македонски бизнисмени, претставници на првата и втора генерација сопственици на семејни бизниси.

Дел од прашањата на кои ќе добиете одговор се:

  • Како вработените да Ве прифатат како новиот лидер на компанијата? 
  • Како да ја уверите претходната генерација дека Вашиот лидерски стил, кој е различен од нивниот, ќе ја води компанијата во успешна насока?
  • Како да научите од добрите светски практики на трансфер на сопствеништво - „италијански“ „германски“ и „балкански модел?
  • Како корпоративното управување ќе Ви помогне да ги надминете слабостите карактеристични за семејните бизниси, како што се: неформалните односи, недостатокот на дисциплина и комплексната управувачка структура 

За сите дополнителни информации во врска со настанот обратете се на  This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it   / 075 44 18 48 / 071 22 84 95 /, или на веб страната konferencija.clearview.com.mk каде што можете да погледнете повеќе детали, како и агендата за конференцијата.

1.       Како вработените да Ве прифатат како новиот лидер на компанијата? 

2.       Како да ја уверите претходната генерација дека Вашиот лидерски стил, кој е различен од нивниот, ќе ја води компанијата во успешна насока?

3.       Како да научите од добрите светски практики на трансфер на сопствеништво - „италијански“ „германски“ и „балкански модел?

4.       Како корпоративното управување ќе Ви помогне да ги надминете слабостите карактеристични за семејните бизниси, како што се: неформалните односи, недостатокот на дисциплина и комплексната управувачка структура

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
Bul. Partizanski Odredi no. 4
(main entrance of Makedonija Soobrakaj)
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 75 280 506
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 Insta_icon yt_icon_2 twitter_icon_2

Events

No events