Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Доделени МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија 2017

masit_ict_nagradi_2017_1Се одржаа МАСИТ наградите за иновативни ИКТ решенија 2017,  во организација на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.
Победници се компаниите членки на МАСИТ: Еликософт со нивното решение во категоријата приватен сектор и GDi со нивното решение во категоријата јавен сектор.
Решението на Еликософт во приватен сектор се однесуваше на софтверски пакет за пресметка на трошоци и следење на проекти во изведба – ПТСПИ, кој повеќе компании успешно го користат во нивното работење. Решението на GDi во категоријата јавен сектор се однесува на  софтвер и мултимедијални инфо – тач системи (киосци на допир) за туристичка сигналитика на Скопје, кои се веќе поставени на три најпрометни туристички локации низ главниот град од страна на Град Скопје.
Им честитаме на победниците, и со особено задоволство ве информираме дека истите ќе бидат номинирани на Global ICT Excellence Awards во организација на WITSA (World Information Technology And Services Alliance) што ќе се одржат во септември во Тајван во рамки на конференцијата World Congress on Information Technology – WCIT 2017.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
Bul. Partizanski Odredi no. 4
(main entrance of Makedonija Soobrakaj)
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 75 280 506
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 Insta_icon yt_icon_2 twitter_icon_2

Events

No events