Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

АКЦИЈА ЗА ДАРУВАЊЕ НА КРВ И ХРАНА

akcija_za_krv_i_hrana_2

Амбасадата на САД и на Црвениот крст на Град Скопје во АКЦИЈА ЗА ДАРУВАЊЕ НА КРВ И ХРАНА

12 септември, вторник, од 09:00 до 16:00 часот

На 12 септември, вторник, по повод Националниот ден на служба и сеќавање, Амбасадата на САД, во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и со Институтот за трансфузиологија, ќе организираат крводарителна акција и акција за дарување на храна. Националниот ден на служба и сеќавање започна да се одбележува во 2002 година, преку добротворни акции и гледајќи напред, да се покаже почит кон жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември.

Дарителите на крв се добредојдени во Амбасадата на САД од 09:00до 16:00 часот. 

Целтта на овој настан е да се зближат луѓето од сите заедници, без разлика на нивните политички и религиски верувања, да се фокусираат на една заедничка цел. Нашите напори ќе помогнат да се дополнат резервите на крв во Црвениот крст и да се обезбеди храна и други потребни залихи за загрозени семејства во претстојната зима. Целиот процес на дарување на крв,од почеток до крај, трае не повеќе од дваесет минути, вклучувајќи регистрација, краткиот лекарски преглед/пополнувањето на прашалник одстрана на медицинскиот персонал на Црвениот крст и дарување на крв. Потоа, ќе можете да се освежите со ужина и сок од нашиот бар.

Дарителите треба да бидат на возраст од 18 до 65 години и да имаат живеено во Македонија најмалку шест месеци. Дарителите, кои дарувале крв во последните четири месеци (за жени), односно последните три месеци (за мажи), нема да можат да даруваат крв. Исто така, ќе се собираат конзервирани прехрамбени производи (погледнете го списокот подолу), малку користена облекаи финансиски донации. Ве молиме дарувајте храна или облека, особено ако не сте во можност да дарувате крв. 

Препораки од Црвениот крст за прехрамбени производи:

Ориз, грав, леќа, сол, шеќер, брашно, пченкарно брашно, тестенини (макарони, шпагети), зејтин, конзервиран грашок, боранија и мешан зеленчук, конзервирана риба, бисквити, супи, конзервирано овошје, кечап.

Американските Катчиња во Македонија исто така ќе собираат донации во храна и облека во текот на целата недела од 11-15 септември, и тоа во следните локации:

•           Скопје–Гоце Делчев 14, Скопје
•           Битола – Центар за култура, Широк Сокак бб, Битола
•           Тетово – Дома на култура, Илирија бб, Тетово
•           Штип – "ВитаПоп Јорданова"- бб, Штип
•           Струга – Партизанска 4, Струга

 

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
Bul. Partizanski Odredi no. 4
(main entrance of Makedonija Soobrakaj)
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 75 280 506
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 Insta_icon yt_icon_2 twitter_icon_2

Events

No events