Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Потпишан Меморандум

Socijalna_inkluzija

 

Потпишан Меморандум во рамки на проектот за Социјална инклузија преку технологија 

 

Во рамки на проекот Социјална инклузија преку технологија финансиран од УСАИД, се одржа настан за официјално потпишување на Меморандум за поддршка на практикантска работа за учесниците на проектот. На настанот се обратија Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, директорот на Државен инспекторат за труд, Алајдин Хавзиу и претставникот на УСАИД, Едвард Гонзалес.
МАСИТ е партнер во проектот кој е имплементиран од страна на iVote Фондација, со цел спроведување на практична работа за лицата со попреченост во ИКТ компаниите, како и подигнување на свеста за инклузивноста на овие лица како во општеството така и во ИКТ секторот.
Главна цел на проектот е од една страна да им помогне на младите луѓе со различен вид на попреченост да станат дел од пазарот на труд, посебно во компаниите од ИКТ секторот, а од друга страна да ги поддржи организациите кои ги претставуваат или им обезбедуваат поддршка на лицата со попреченост за тие организации да обезбедат услуги со кои ќе ги подобрат вештините за вработување кај младите лица со попреченост.

 

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
Bul. Partizanski Odredi no. 4
(main entrance of Makedonija Soobrakaj)
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 75 280 506
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

No events