Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Претседателот на УО на МАСИТ, во интервју за Иновативност

 Македонија ќе добие технолошки парк следната година!

Goran_Inovativnost_Intervju

Една од „жешките“ теми за која се зборува деновиве е основањето технолошки парк, кој ќе ги спои академската и бизнис заедницата со цел да се зголеми иновативниот потенцијал на земјата и конкурентноста на економијата. Еден од најгласните заговорници за оваа идеја е Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ. Тоа е и поводот за интервју со Горан Попоски, претседател на Управен одбор на МАСИТ

(Разговараше- Верица Јорданова)

„Во рамки на ИКТ бизнис заедницата каде МАСИТ е главниот гласноговорник, идејата за основање технолошки парк датира од пред десет години. Промоцијата на технолошкиот парк тогаш беше под името Center of Еxcellence, проект поддржани од УСАИД и World Learning. Во рамките на тој проект беше изработен целосен бизнис план во соработка со израелски консултанти од Државната агенција за помош во иновации на Израел. Освен помош за технолошки развој на постоечките и стартап компаниите во земјава, идејата беше технолошкиот парк да привлече и venture капиталисти и бизнис ангели. Целта е не само да се привлечат пари, туку да се воспостави систем на менторство и знаење преку кој стартапите ќе можат да добијат инвестиција за нивната бизнис идеја без да заглавуваат во лавиринтот на банкарски кредитирања.

Во меѓувреме вакви технолошки паркови се развија во многу понапредна форма во други земји, и сега Македонија е една од ретките земји во регионот која нема технолошки парк на бизнис заедницата на државно ниво. Имаме некои технолошки паркови во академскиот сектор, кај одредени универзитети но за жал не успеавме да направиме единствен технолошки парк.

Особено успешни примери има во Србија и Бугарија. Кај нас идејата за жал остана нереализирана. Сега дојде време повторно да го отвориме прашањето и за почеток да ги поставиме основите на паркот. Во управниот одбор на МАСИТ си дадовме стратешка цел да ги поставиме основите на технолошки парк на бизнис заедницата на Македонија.

- Дали најавата која дојде од министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски е веќе комуницирана со вас?

Веќе од летото разговараме со министерот за информатико општество за формирање на технолошки парк. Сега сме во фаза на формирање работна група.

- Како го замислувате и што всушност подразбирате под технолошки парк?

Работната група да биде составена од коморите, од бизнис заедницата, МАСИТ, академската заедница и сите заинтересирани универзитети, Фондот за иновации и технолошки развој и Владата. Генерално, Владата треба да ја обезбеди целата потребна инфраструктура за паркот, бизнис заедницата треба да ги дефинира потребите, а академијата да ги задоволи.

Goran_Inovativnost_Intervju_2

- Дали разговарате каде би бил лоциран технолошкиот парк?

Во моментот се разгледуваат повеќе локации, дефинитивната одлука се уште не е донесена. Внатрешно би бил опремен на база на јавно-приватно партнерство. Важно е одборот кој ќе го води паркот да биде бизнис ориентиран и да направи одржлив модел за негово функционирање. Бизнис заедницата треба да даде идеи како сите ние како комори, како бизнис свет да го одржуваме паркот. Бизнис заедницата е таа која треба да придонесе кон спојување на две компании кои заеднички ќе работат на иновативните решенија. Академијата треба да го прими сето тоа и да ги адаптира своите наставни програми за продукција на компетентен кадар кој ќе одговори на потребите на бизнис заедницата. Разговараме за создавање и на истражувачки центар во склоп на паркот.

- Постои ли проценка колку би чинело создавањето на технолошки парк?

Од аспект на инфраструктура ние немаме проценка бидејќи тоа би било овозможено од владата. Ова е всушност следната фаза со работната група, ќе се работи на оперативата и на содржината.

Технолошки парк е една поширока категорија, а во изјавата на министерот стоеше дека проектот ќе се фокусира на ИКТ секторот и спречување на одлив на кадри. Но како да се анимираат и останати компании од други индустрии каде е потребна дигитална трансформација.

Дали технолошкиот парк ќе се однесува само на ИКТ индустријата?

Во секој случај не. Моментално постои на пример проектот на ФЕИ, кој не инволвира само информатички технологии, туку е вклучен и Машинскиот факултет и компании од други сектори. Луѓето после студирањето не си заминуваат бидејќи немаат работа, туку бидејќи немаат иновативни решенија и нови технологии на коишто ќе работат. Една од највисоките цели е тоа да им го овозможиме на нашите кадри, да работат на развој на нови технологии. Голем дел од нашите членки работат главно на outsourcing бидејќи од таму им доаѓаат финансиите. Како еден пазар во развој, ние природно ја добивме таа улога, но луѓето веќе не сакаат да бидат насочувани што да прават. Треба да преминеме на повисоко ниво и да работиме на развој на нови технологии. Така ќе ги задржиме квалитетните кадри овде, со креирање средина во која ќе си го реализираат сонот. Тоа ќе го постигнеме преку сериозен технолошки парк, со сериозен истражувачки центар, со сериозен менаџмент кој нема да биде оптеретен со дневни политики.

Апсолутно ќе бидат вклучени и други индустрии бидејќи потребите тоа го наложуваат.

 Goran_Inovativnost_Intervju_3

- Има ли веќе извесни рокови или уште е рано да се зборува?

Роковите се за вчера. Како МАСИТ, сметаме дека технолошкиот парк треба да се реализира што е можно побргу.

- За крај кои се клучните цели на технолошкиот парк?

Како едно заокружување на иницијативата, технолошкиот парк ќе придонесе кон промоција на Македонија како извор на иновации и иновативни решенија. Особено значаен дел е и развивањето на млади ИКТ кадри кои ќе останат овде да работат на овие иновации. Исто така, бидејќи моментално зборуваме на Самитот Македонија 2025, дијаспората како поддржувач е клучна особено поради кадарот кој работи надвор од државата. Постојат и примери на луѓе кои се враќаат во државата и овде отвораат иновативни компании. Иницијативи како Македонија 2025 се клучни за поддршката на овој проект.

За МАСИТ

МАСИТ е организација која постои скоро осумнаесет години. Во моментов има 75 членки, од стартапи до еминентни компании во ИКТ индустријата, одосно големи и етаблирани ИТ и телекомуникациски компании. Улогата на МАСИТ како комора која е единствена таква во регионот, е лобирање со владата и државните институции и директно учество во создавањето на правната регулатива, посебно во делот на ИКТ секторот. Сведочи проектот Bridge на УСАИД којшто го добивме неодамна каде што МАСИТ има активна улога во делот на регулативата и усогласување со европските стандарди.

Улога имаме и како поддршка на стартапите, за тоа сведочи програмата што ја воведовме минатата година за специјална членарина за стартапи. На тој начин се обидовме да ги привлечеме во нашата инфраструктура и да црпат експертиза од големите компании. Се соочуваме во последно време со фактот дека има недостаток на кадар во ИТ секторот, недостаток бидејќи како мала држава немаме доволно продукција на вакви кадри, потоа имаме енормно губење на работна сила која ја напушта државата. Една од стратешките улоги на комората е да ги вратиме кадрите и да произведеме нови кадри кои ќе специјализираат во ИТ.

Нудиме комплетна поддршка на компаниите со целосно развиени стратегии за извоз. Сите овие години еден од најактивните процеси беше изработката токму на ваква стратегија бидејќи ние сме мала држава и доста зависиме од извозот. Моментално завршуваме проект и влегуваме во втората фаза за преквалификација на кадри со точно поставени курикулуми и сериозно регрутирање, преквалификувавме четириесет луѓе од различни професии кои решиле да се пренасочат во софтверски развој. Овој проект беше поддржан од УСАИД и е ексклузивен проект на МАСИТ. Ние сме први кои спроведуваме ваков процес на преквалификација, со искуства кои претходно ги воочивме во регионот.

АИД и е ексклузивен проект на МАСИТ. Ние сме први кои спроведуваме ваков процес на преквалификација, со искуства кои претходно ги воочивме во регионот.

 

Македонија ќе добие технолошки парк следната година!

 

Поднаслов- Една од „жешките“ теми за која се зборува деновиве е основањето технолошки​ парк, кој ќе ги спои академската и бизнис заедницата со цел да се зголеми иновативниот потенцијал на земјата и конкурентноста на економијата. Еден од најгласните заговорници за оваа идеја е Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ. Тоа е и поводот за интервју со Горан Попоски, претседател наУправен одбор на МАСИТ

 

(Разговараше- Верица Јорданова)

 

 

Во рамки на ИКТ бизнис заедницата каде МАСИТ е главниот гласноговорник, идејата за основање технолошки парк датира од пред десет години. Промоцијата на технолошкиот парк тогаш беше под името Center of Еxcellence, проект поддржани од УСАИД и World Learning. Во рамките на тој проект беше изработен целосен бизнис план во соработка со израелски консултанти од Државната агенција за помош во иновации на Израел. Освен помош за технолошки развој јна постоечките и стартап компаниите во земјава, идејата беше технолошкиот парк да привлече и venture капиталисти и бизнис ангели.Целта е не само да се привлечат пари, туку да се воспостави систем на менторство и знаење преку кој стартапите ќе можат да добијат инвестиција за нивната бизнис идеја без да заглавуваат во лавиринтот на банкарски кредитирања.

Во меѓувреме вакви технолошки паркови се развија во многу понапредна форма во други земји, и сега Македонијае една од ретките земји во регионот која нема технолошки парк на бизнис заедницата на државно ниво. Имаме некои технолошки паркови во академскиот сектор, кај одредени универзитети но за жал не успеавме да направиме единствен технолошки парк.

Особено успешни примери има во Србија и Бугарија. Кај нас идејата за жал остана нереализирана. Сега дојде време повторно да го отвориме прашањето и за почеток да ги поставиме основите на паркот. Во управниот одбор на МАСИТ си дадовме стратешка цел да ги поставиме основите на технолошки парк на бизнис заедницата на Македонија.

- Дали најавата која дојде од министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски е веќе комуницирана со вас?

Веќе од летото разговараме со министерот за информатико општество за формирање на технолошки парк. Сега сме во фаза на формирање работна група.

- Како го замислувате и што всушност подразбирате под технолошки парк?

Работната група да биде составена од коморите, од бизнис заедницата, МАСИТ, академската заедница и сите заинтересирани универзитети, Фондот за иновации и технолошки развој и Владата. Генерално, Владата треба да ја обезбеди целата потребна инфраструктура за паркот, бизнис заедницата треба да ги дефинира потребите, а академијата да ги задоволи.

- Дали разговарате каде би бил лоциран технолошкиот парк?

Во моментот се разгледуваат повеќе локации, дефинитивната одлука се уште не е донесена. Внатрешно би бил опремен на база на јавно-приватно партнерство. Важно е одборот кој ќе го води паркот да биде бизнис ориентиран и данаправи одржлив модел за негово функционирање. Бизнис заедницата треба да даде идеи како сите ние како комори, како бизнис свет да го одржуваме паркот. Бизнис заедницата е таа која треба да придонесе кон спојување на две компании кои заеднички ќе работат на иновативните решенија. Академијата треба да го прими сето тоа и да ги адаптира своите наставни програми за продукција на компетентен кадар кој ќе одговори на потребите на бизнис заедницата.Разговараме за создавање и на истражувачки центар во склоп на паркот.

 

- Постои ли проценка колку би чинело создавањето на технолошки парк?

Од аспект на инфраструктура ние немаме проценка бидејќи тоа би било овозможено од владата. Ова е всушност следната фаза со работната група, ќе се работи на оперативата и на содржината.


- Технолошки парк е една поширока категорија, а во изјавата на министерот стоеше дека проектот​ ќе се фокусира на ИКТ секторот и спречување на одлив на кадри. Но како да се анимираат и останати компании од други индустрии каде е потребна дигитална трансформација. Дали технолошкиот парк ќе се однесува само на ИКТ индустријата?

Во секој случај не. Моментално постои на пример проектот на ФЕИ, кој не инволвира само информатички технологии, туку е вклучен и Машинскиот факултет и компании од други сектори. Луѓето после студирањето не си заминуваат бидејќи немаат работа, туку бидејќи немаат иновативни решенија и нови технологии на коишто ќе работат. Една од највисоките цели е тоа да им го овозможиме на нашите кадри, да работат на развој на нови технологии. Голем дел од нашите членки работат главно на outsourcing бидејќи од таму им доаѓаат финансиите. Како еден пазар во развој, ние природно ја добивме таа улога, но луѓето веќе не сакаат да бидат насочувани што да прават. Треба да преминеме на повисоко ниво и да работиме на развој на нови технологии.Така ќе ги задржиме квалитетните кадри овде, со креирање средина во која ќе си го реализираат сонот. Тоа ќе го постигнеме преку сериозен технолошки парк, со сериозен истражувачки центар, со сериозен менаџмент кој нема да биде оптеретен со дневни политики.

Апсолутно ќе бидат вклучени и други индустрии бидејќи потребите тоа го наложуваат.

 

- Има ли веќе извесни рокови или уште е рано да се зборува?

Роковите се за вчера. Како МАСИТ, сметаме дека технолошкиот парк треба да се реализира што е можно побргу.

 

- За крај кои се клучните цели на технолошкиот парк?

Како едно заокружување на иницијативата, технолошкиот парк ќе придонесе кон промоција на Македонија како извор на иновации и иновативни решенија. Особено значаен дел е и развивањето на млади ИКТ кадри кои ќе останат овде да работат на овие иновации. Исто така, бидејќи моментално зборуваме на Самитот Македонија 2025, дијаспората како поддржувач е клучна особено поради кадарот кој работи надвор од државата. Постојат и примери на луѓе кои се враќаат во државата и овде отвораат иновативни компании. Иницијативи како Македонија 2025 се клучни за поддршката на овој проект.


За МАСИТ

МАСИТ е организација која постои скоро осумнаесет години. Во моментов има 75 членки, од стартапи до еминентни компании во ИКТ индустријата, одосно големи и етаблирани ИТ и телекомуникациски компании. Улогата на Масит како комора која е единствена таква во регионот, е лобирање со владата и државните институции и директно учество во создавањето на правната регулатива, посебно во делот на ИКТ секторот. Сведочи проектот Bridge на УСАИД којшто го добивме неодамна каде што МАСИТ има активна улога во делот на регулативата и усогласување со европските стандарди.

Улога имаме и како поддршка на стартапите, за тоа сведочи програмата што ја воведовме минатата година за специјална членарина за стартапи. На тој начин се обидовме да ги привлечеме во нашата инфраструктура и да црпат експертиза од големите компании. Се соочуваме во последно време со фактот дека има недостаток на кадар во ИТ секторот, недостаток бидејќи како мала држава немаме доволно продукција на вакви кадри, потоа имаме енормно губење на работна сила која ја напушта државата. Една од стратешките улоги на комората е да ги вратиме кадрите и да произведеме нови кадри кои ќе специјализираат во ИТ.

Нудиме комплетна поддршка на компаниите со целосно развиени стратегии за извоз. Сите овие години еден од најактивните процеси беше изработката токму на ваква стратегија бидејќи ние сме мала држава и доста зависиме од извозот. Моментално завршуваме проект и влегуваме во втората фаза за преквалификација на кадри со точно поставени курикулуми и сериозно регрутирање, преквалификувавме четириесет луѓе од различни професии кои решиле да се пренасочат во софтверски развој. Овој проект беше поддржан од УСАИД и е ексклузивен проект на МАСИТ. Ние сме први кои спроведуваме ваков процес на преквалификација, со искуства кои претходно ги воочивме во регионот.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
Bul. Partizanski Odredi no. 4
(main entrance of Makedonija Soobrakaj)
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 75 280 506
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

No events