Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија 2018

Poster_MASIT

Би сакале да ве информираме дека во рамките на своите активности, за изборот на WITSAGlobal ICT Excellence Awards 2018, МАСИТ повторно организира избор на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија за 2018. МАСИТ како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance) http://witsa.org/witsa-wp-site/, првонаградените решенија во долунаведените категории ќе ги номинира на “2018 WITSA Global ICT Excellence Awards”.

Оваа година, ве повикуваме за номинации за „МАСИТ наградите за иновативни ИКТ решенија“ кои ќе ги опфатат следните категории:

  • Решение во јавен сектор

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија имплементирани во државната администрација, локалната самоуправа и непрофитни организации, кои овозможиле зголемена ефикасност и транспарентност во работењето.

  • Решение во приватен сектор

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија имплементирани во деловни субјекти, кои директно ги зголемиле нивните деловни можности и конкурентност.

  • Решение за дигитални можности

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои значително ги зголемиле дигиталните можности за граѓаните на Република Македонија, во смисла на можности за користење на ИТ и пристап на интернет.

  • Решение за одржлив раст

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои промовираат одржлив економски раст, кој се дефинира како способност да се подобри финансиската и социјалната состојба во државата. Постојат три клучни предизвици: климатски промени, деградација / пад на ресурси и загадување.

  • Извонредни мобилни решенија

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои ќе ја земат предвид успешната примена на мобилната технологија во областите на здравјето, социјалната свест, слободата на изразување, одржливиот раст, бизнисот и трговијата, ефикасната испорака на јавните услуги и транспарентноста.

  • Иновативни решенија во здравството

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои прават извонредени напори за користење на ИКТ како алатка за промоција на здравјето и здравствената заштита, како telehealth, mHealth (мобилно здравје), е-здравство или преку е-учење, електронски здравствени досиеја, законските регулативи или социјални медиуми.

  • WITSA награда за нови дигитални решенија

Победниците од новите дигитални решенија се избрани за нивните докажани иновативни дигитални решенија кои ја трансформираат благосостојбата, просперитетот, поврзување или продуктивноста во целиот свет.

  • Награда за дигитална инклузија

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои овозможуваат пристап и користење на информатички и комуникациски технологии (ИКТ) за лица со посебни потреби и други лица кои се соочуваат со долготрајни бариери за социјална инклузија. 

Подетални информации за категориите можете да прочитате со превземање на документот (GlobalAwards18-Outline_v4) на следниот линк.

Првонаградените решенија ќе бидат номинирани за учество на изборот на WITSA 2018 Global ICT Excellence Awards во рамки на светскиот конгрес за ИТ што ќе се оджува од 19-21 февруари2018 година во Xидерабад, Индија: ( http://www.nasscom.in/wcit-nilf2018/ ).

Право на учество имаат сите ИКТ компании кои ќе номинираат сопствени решенија имплементирани кај крајни корисници во Република Македонија. Цената за учество на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за членки на МАСИТ е бесплатно, додека за компании што не се членки на МАСИТ цената изнесува 50 евра + ДДВ. Сите учесници кои при апликацијата за „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ ќе се одлучат да станат членки на МАСИТ ќе бидат ослободени од плаќање надоместок за учество.

Вашето решение ќе го номинирате со доставување на долунаведените документи на: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it  најдоцна до 13.12.2017 година.

  • Пополнета пријава за МАСИТ ИКТ наградите (Превземете ја пријавата Prijava za MASIT IKT nagradi 2018”)
  • Power Point презентација за своето решение.

Пријавените компании ќе треба да ги презентираат своите решенија на јавен настан организиран од МАСИТ на кој ќе биде извршен и изборот. За таа цел ве информираме дека Комисијата за избор на „МАСИТ наградите за иновативни ИКТ решенија“ по завршувањето на повикот за номинирање на решенија, ќе ги разгледа и оцени истите, согласно дефинираните тежински критериуми (Превземете ги критериумите “Tezinski kriteriumi – MASIT IKT Nagradi 2018”).

Во очекување на Вашите пријави Ви посакуваме успех при изборот.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
Bul. Partizanski Odredi no. 4
(main entrance of Makedonija Soobrakaj)
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

MASIT_Novogodisna_zabava_2018