Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Настан за размена на искуства на тема: HR услуги

25488084_913650398801222_529516851395737864_o

Ве информираме дека од страна на Стопанскатa комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), во соработка со Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) на 12.12.2017 во 13.00 часот во Јавна соба беше одржан настанот за размена на искуства на темата HR-УСЛУГИ: Стратегии за привлекување, селекција, развој и задржување на таленти и вработени во ИКТ-индустријата.

Целта на настанот беше учесниците да се запознаат со стратегиските предности од менаџирањето со талентите во една организација и придобивките за организацијата од соодветниот пристап кон оваа тема.

Во текот на настанот учесниците добија претстава за консултантските услуги што можат да ги добијат во Македонија и можеа да разменат искуства со своите колешки/ги од ИКТ секторот во однос на оваа тема, како и одговори од страна на HR-консултантите од МАЧР во однос на прашањата кои се актуелни и предизвиците со кои се соочуваат ИКТ компаниите во Македонија.

Презентации од настанот:

  • Превземете ја презентацијата на Дарко Петровски на следниов линк.

25488059_913650302134565_3071266283745743274_o

Консултантите направија посебен осврт на услугите кои ги нудат во делот на препознавањето, привлекувањето, селекцијата, развојот и задржувањето на талентите. Учесниците можеа да разменат искуства и да продискутираат и на следните прашања:

  • како да се создаде организациска архитектура за стратегиски менаџмент со талентите,
  • како да се препознаат талентите во организацијата,
  • како да се овозможи нивен развој и кариерен напредок,
  • како да се стекне нивната лојалност,
  • како да не се нарушат или влошат односите со останатите вработени,
  • како да се искористи потенцијалот на талентите,
  • како да се задржат талентите во организацијата, применувајќи притоа одржливи нефинасиски мерки и
  • како да се обезбеди континуирано привлекување на таленти во ИКТ индустријата.

Настанот беше поддржан од програмата за Зголемување на пазарната вработливост (IME), на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC)  имплементирана од Свисконтакт.

 

IME_logoa

 

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

MASIT_Novogodisna_zabava_2018