На 25 јануари во Софија, Бугарија се одржа првиот работен состанок на Black Sea ICT Clusters Network за 2018 година. Покрај бројните технички, организациски и тековни прашања, мрежата одобри уште 4 нови членови/асоцијации, со што вкупниот број изнесува 27 организации од 13 земји. МАСИТ е горд партнер на оваа мрежа која брои многу активни ИТ асоцијации, промовирајќи позитивни промени во нашиот регион.