Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

ANGA COM 2018

Screenshot_1

Од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (АСИПИРМ) се обезбедени средства за ИКТ секторот во Македонија за учество на ANGA COM 2018 – Exhibition and Conference (http://www.angacom.de/en.html) 12-14.6.2018 година во Келн, Германија, со Национален штанд на саемот.

ANGA COM претставува водечка бизнис платформа која ги исполнува интересите на софтверските компании, како и телеком компаниите и нуди:

  • 460 излагачи од 37 земји,
  • 19,000 посетители од преку 80 земји,
  • 50% интернационални учесници
  • 2300 учесници на конференциската програма.

Се повикуваат сите компании членки на МАСИТ кои имаат интерес да бидат дел од ANGACOM, да го изразат својот интерес со доставување на пријавата во прилог, со цел да го зачувате своето место, најдоцна до 14.3.2018 до 12:00 часот, директно до архивата на АСИПИРМ на следната адреса: Ул: Никола Вапцаров бр.7.

Дописот и пријавата можете да ги најдете на следниот линк.

Пријавувањето ќе се одвива според следните услови и критериуми:

Пријавувањето ќе се врши се додека има слободно место, на база на принципот “прв пријавен – прв услужен” а по исполнување на условите и критериумите кои се дел од овој повик:

  • Компаниите да работат во секторот електронски комуникации и/или компаниите да работат со телеком/кабелски оператори/ 
  • Компанијата да има продукт/решение/услуга наменета за секторот електронски комуникации.

*Напомена: Ве молам бидете информирани дека доколку одредена компанија се пријави за учество на саемот, а потоа го откаже своето учество, задолжително ќе треба да плати пенали.

Сите останати детали можете да ги видите во дописот.

Ги очекуваме вашите пријави.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

forum_cover

conference_cover