Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

South East European Software Testing Conference (SEETEST 2018)

8

Оваа година МАСИТ е партнер поддржувач во организација на конференцијата South East European Software Testing Conference (SEETEST 2018), која ќе се одржи во Белград, Србија, на 27-28 септември 2018 година.

По големиот успех на претходни 6 изданија на SEETEST во Бугарија и Романија, за прв пат во Белград ќе се одржи престижната конференција во областа на софтверското тестирање и управувањето со квалитетот на софтверот. Организацијата на настанот се ротира во различни балкански земји, на кој се собираат повеќе од 300 ИТ професионалци, експерти за тестирање на софтвер и познати говорници секоја година.

На конференцијата ќе се одржат целодневни курсеви на 26 септември 2018 година, каде што учесниците ќе добијат практична обука за мали групи во најновите концепти на Software Testing.

SEETEST 2018 ќе покрива теми како што се Security Testing, Mobile Testing, Test Automation, Cloud Testing и многу повеќе актуелни трендови во областа на Quality Assurance. На првиот ден на конференцијата форматот на конференцијата ќе биде поделен во три паралелни полудневни сесии наутро и три сесии во попладневните часови. Говорниците на семинарот на SEETEST се меѓународно признати експерти за тестирање со долгогодишно практично искуство.

На 28 септември ќе се одржат презентации од keynote спикерите на конференцијата. Сите потенцијални учесници се охрабруваат да аплицираат најдоцна до 15 април и да подготват документи за презентација кои ќе бидат доставени до Програмскиот комитет за евалуација. Организаторите на SEETB и Quality House известуваат дека сите документи ќе бидат оценети од најмалку двајца членови на Програмскиот комитет, врз основа на релевантност, оригиналност, важност и јасност.

Доколку сте заинтересирани да аплицирате за учество со презентација на конференцијата повеќе информации можете да најдете на следниот линк.

SEETEST нуди безброј можности за мрежно поврзување на самата конференција, но одлично дополнување е networking настан, кој креиран во формат со цел да им овозможи на присутните, спонзорите и говорниците да се поврзат и да уживаат во вечерта. 

За повеќе информации, посетете ја веб страната на конференцијата.

 

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

MASIT_Novogodisna_zabava_2018