Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Tренинг на тема: Регулатива за заштита на лични податоци

Trening_zastita

 

МАСИТ во организација со експерти на темата, организира тренинг на тема Регулатива за заштита на лични податоци – General Data Protection Regulation (GDPR), која ќе ја замени постојната Директива за заштита на податоци 95/46/EC од 1995 година.

Регулатива се однесува на заштитата на личните податоци и слободното движење на податоци и истата ќе стапи на сила на 25 мај 2018 година, за што компаниите имаа период од 2 години да се усогласат со истата. Сите компании од ИКТ секторот се обврзани за воведување на истата во своето работење.

Целта на МАСИТ е да ги поддржи компаниите во процесот до целосна усогласеност на моменталната легислатива со идната, односно со GDPR, преку следниве активности: анализата на моменталната состојба и мапирањето на личните податоци, дефинирање на нивото на ризици во однос на приватноста, обезбедување на усогласено менаџирање на пристапот и користењето на личните податоци, подобрување на безбедност на обработка на лични податоци, како и проверка на спроведувањето на процесот на усогласување и одржување на усогласеноста.

Клучните промени што ги носи GDPR и најголемите импликации се:

•           GDPR има зголемен територијален опфат и сега личните податоци на граѓаните на ЕУ (на пример, компанија надвор од ЕУ што ги обработува податоците на граѓаните на ЕУ) се опфатени со регулативата.

•           Предвидени се поголеми казни, сега компаниите кои не ги исполнуваат условите може да се казнат до 4 проценти од нивниот годишен промет или до максимум 20 милиони евра.

•           Компаниите мора јасно да ги информираат субјектите на податоци дека сакаат да ги добијат нивните податоци и да објаснат во и за кои цели би ги употребувале. Јавноста ќе добие појасен увид кој ги собира нивните податоци, за што ќе се користат истите, колку време ќе се чуваат и кои се нивните права во врска со обработката на податоците.

•           Со GDPR се унапредуваат правата на граѓаните на ЕУ. Во суштина, луѓето ќе можат полесно да ги побараат и да ги видат податоците кои се обработуваат за нив, да побараат нивните податоци да бидат “заборавени”, да побараат нивните податоци да бидат префрлени во друга компанија, итн. Компаниите ќе мора да воспостават системи со помош на кои ќе овозможат лесно да се одговори на овие барања.

•           Постојат построги барања во однос на известување за нарушување на приватноста каде покрај потребата да биде информиран регулаторот, треба во одредени случаи да се извести и субјектот на личните податоци во времетраење од 72 часа од дознавање за инцидентот кое може да има силно негативно влијание врз репутацијата на компанијата.

Согласно горенаведеното, Ве покануваме да го пријавите Вашето учество на овој тренинг, кој ќе биде спроведуван од страна на лиценцирани агенти на темата, кои ќе Ве воведат во работењето со истата и одговорностите кои Ви следуваат.

Прием на апликации за тренингот: заклучно со 29 мај 2018 година (вторник).

Датум за одржување на тренингот: 31 мај 2018 година (четврток).

Котизација за компании членки на МАСИТ: 100 Евра плус ДДВ по учесник.

Котизација за останати компании: 150 Евра плус ДДВ по учесник.

Доколку сте заинтересирани да земете учество ве молиме да го пополните пријавниот лист кој можете да го превземете на следниот линк.

Вашите пријавни листови можете да ги праќате на следниов мејл This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .

За сите дополнителни информации, Ве молиме слободно контактирајте не на следниов контакт број: 078 296 487 или на следнава контакт адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .  

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

MASIT_Novogodisna_zabava_2018