Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Презентација на нов агрегатен портал за бизнис регулатива

BiznisRegulativa-13.06.2018-1 

На 13 јуни 2018 година во рамки на проектот на УСАИД - „Партнерство за подобра бизнис регулатива“се одржа презентација на новиот агрегатен веб портал www.biznisregulativa.mk во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.

На веб порталот, претпријатијата ќе имаат можност на едно место да се информираат, прашаат и самооценуваат, преку уникатни алатки кои се соодветно дизајнирани да им овозможат на претпријатијата брз пристап до информации кои се од особена важност за нивната усогласеност со бизнис регулативата. Идејата започна од потребата иновативноста да се спои со функционални решенија кои ќе им бидат лесно достапни на претпријатијата во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија.

Ова е првиот веб портал во земјата каде што претпријатијата ќе имаат можност на едно место да се информираат, прашаат и самооценуваат, преку уникатни алатки кои се соодветно дизајнирани да им овозможат на компаниите брз пристап до информации - изјави Љупчо Димовски, директор на „Епицентар интернационал“– Скопје.

Тој истакна дека овој веб портал кој за прв пат се прави во Македонија е од големо значење за компаниите бидејќи ќе имаат можност за брз пристап до информации кои ќе им помогнат подобро да ја разберат и да се усогласат со сложената регулаторна рамка која досега многупати довела до забуни и доцнења во усогласувањето со законските регулативи во земјата. Сите информации достапни на веб порталот се подготвени врз основа на потребите и барањата на бизнис заедницата доставени и усогласени од страна на четирите стопански комори, партнери во проектот.

BiznisRegulativa-13.06.2018-3

Приватниот сектор игра важна улога во македонската економија и општество и создавањето на работни места, услуги и производи за јавноста. УСАИД посветено ги поддржува иницијативите за создавање на средина која ќе ви помогне да бидете конкурентни со вашите регионални и ЕУ партнери и Ви овозможува да растете и да соработувате со нови пазари, и во исто време, да ги исполнувате сите ваши регулаторни обврски за заштита на животната средина и јавниот интерес во Македонија. Партнерството меѓу четирите стопански комори се потпира на единствен приод кон многу прашања со кои најчесто се соочуваат засегнатите страни во деловната заедница и поради оваа причина, ние во УСАИД сме горди што можеме да бидеме иницијатор на заедничка соработка на коморите коишто градат посилни врски меѓу јавниот и приватниот сектор и прават значајни чекори за да напредуваат по прашањата на правните регулативи во Македонија - изјави Едвард Гонзалес, директор на канцеларијата за општ развој на УСАИД Македонија.

Во вториот дел од сесијата, беше презентиран и  агрегатниот веб портал biznisregulativa.mk од страна на Стефан Додевски, вработен во Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, каде што го претстави агрегатниот веб портал, заедно со неговите алатки и функционалности.

Во продолжение на настанот посебен осврт беше даден на позициските документи изработени од страна на Проектот. Павлина Димовска, правен советник на Проектот на УСАИД “Партнерство за подобра бизнис регулатива”, во својата кратка презентација го истакна начинот на  подготвување на позициските документи, кој се темели врз иденитифкуваните проблеми со коишто се соочуваат претпријатијата во Македонија, а истите беа посочени на реализираните информативни настани и форуми организирани од проектот.

Oд 2017 година формирана е работна група од членови на коморите во рамките на Проектот на Усаид, со цел утврдување, разработка, доставување и следење на реализација на предлозите на бизнис заедницата за подобрување на законската регулатива. Утврдените предлози се заеднички став на сите партнери и го претставуваат гласот на бизнис заедницата, а истите се спроведуваат на систематизиран начин преку разработка на т.н. policy position paper. Разработените позициски документи се доставуваат до надлежните институциии со цел да се влијае на промените на регулативата за прашања кои директно влијаат врз бизнис условите во државата.
  
Во периодот од 2017 заклучно со јуни 2018 година идентификувани се вкупно 150 проблеми на бизнис заедницата поврзани со законската регулатива. Од нив разработени се вкупно 35 во форма на позициски документи и истите се доставени до надлежните институции во следните области: даночна политика, царинско работење, работни односи, градежништво, земјоделство, туризам, животна средина, управување со отпад и јавни набавки.

BiznisRegulativa-13.06.2018-4

Во наредниот период проектот ќе продолжи да работи на конструктивни решенија за подобра правна усогласеност на компаниите и поддршка на механизмите за јавно – приватен дијалог меѓу сите засегнати страни.

www.biznisregulativa.mk е продукт на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал заедно со четирите клучни партнери: Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Сојуз на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на северозападна Македонија.  

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

MASIT_Novogodisna_zabava_2018