Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржан е вториот состанок во рамки на Проектот Green Ict deVElopment (GIVE)

 

 

GIVE_meeting_2

Во рамки на проектот Green Ict deVElopment (GIVE) се одржа вториот состанок на 27-28 јуни во Клуж, Романија. МАСИТ е дел од конзорциумот на проектот GIVE заедно со 8 асоцијации од регионот, координиран од Бугарскиот ИКТ кластер како водечкi партнер на проектот. Генералната цел на проектот "Green Ict deVElopment (GIVE)" е да се изгради стратешко партнерство во областа на паметните зелени-технологии меѓу трите значајни индустрии: автомобилската индустрија, обновливата енергија и ИКТ.

GIVE_meeting_3 

Главна активност на состанокот беше работата на првата Фокус група посветена на развој на соработка помеѓу автомобилската, обновливата енергија и ИКТ индустријата, а дополнително беа презентирани резултатите кои досега се постигнати во рамки на истражувањето за прибирање на податоци за меѓународна соработка и интернационализиција. Учесниците на состанокот со своето долгогодишно искуство преку дискусија и мапирање ги дефинираа главните активности, проекти, сервиси и производи кои ќе бидат во фокус на развојот на соработка помеѓу наведените индустрии. Во рамки на идните активности на проектот предвидени се дополнителни два состаноци на Фокус групата, од кои првиот ќе се одржи во Софија, Бугарија на 19-20 септември 2018, додека пак вториот во Крагуевац, Србија на 30-31 октомври 2018 година.

GIVE_meeting_5

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

forum_cover

conference_cover