Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Oбука и сертификација за Microsoft Azure


Microsoft Azure обука, која ќе Ви овозможи да ја демонстрирате ваша експертиза за “Microsoft Cloud” технологиите кои се директно поврзани со намалување на трошоците во IT, и му овозможуваат додадена вредност на еден современ бизнис.

Implementing Microsoft Azure Infrastructure Solutions

Локација: Скопје

Почеток: 15 - 19 октомври (5 дена) | 8:30 - 16:30 часот

Специјална цена за членки на МАСИТ: 430 ЕУР + ДДВ

Цена за други слушатели: 480 ЕУР + ДДВ

Во цената на курсот е вклучен и повеќе можности за полагање на официјален Microsoft испит за кои можете да најдете повеќе информации на следните линкови: Линк 1Линк 2

Секој слушател по завршување на курсот ќе добие диплома од Microsoft за посетуван курс, а по положувањето на официјалниот Microsoft испит ќе добие и соодветен сертификат.

Рок за пријавување до 10.10.2018.

azure

За курсот

Овој курс ги учи ИТ професионалците како да обезбедат и да управуваат со услугите во Microsoft Azure. Студентите ќе научат како да ги имплементираат инфраструктурните компоненти како што се виртуелни мрежи, виртуелни машини, контејнери, веб и мобилни апликации и складирање во Azure. Студентите исто така ќе научат како да планираат и управуваат со Azure AD, и конфигурираат Azure AD интеграција со локалните домени на Active Directory.

За кого е наменет курсот:

IT професионалци кои имаат искуство со менаџирање на on premise IT-инфраструктури кои вклучуваат Active Directory доменски сервиси (AD DS), технологии за виртуелизација и апликации. Студентите ќе научат како да планираат и да ги мигрираат дел или сите свои инфраструктурни сервиси на Azure. Овој курс, исто така, е наменет за ИТ професионалци кои сакаат да го полагаат Microsoft Certification Exam 70-533: "Implementing Microsoft Azure Infrastructure Solutions".

АГЕНДА

Модул 1: Introduction to Azure

Модул 2: Implementing and managing Azure networking

Модул 3: Implementing virtual machines

Модул 4: Managing Azure VMs

Модул 5: Implementing Azure App Service

Модул 6: Planning and implementing storage, backup, and recovery services

Модул 7: Implementing containers in Azure

Модул 8: Implementing Azure Cloud Services

Модул 9: Implementing Azure Active Directory

Модул 10: Managing an Active Directory infrastructure in a hybrid environment

Модул 11: Implementing Azure-based management and automation

Предавач:

Гоце Аргиров, MCT (Microsoft Certified Trainer)

Како ИТ професионалец со 15 годишно интернационално искуство, фокусиран е на Microsoft инфраструктурни технологии, со експертиза во Windows Server, Active Directory, Виртуелизација, Cloud и System Center. Работел на бројни проекти во средни и големи компании каде стекнал искуство и вештини во дизајнирање, имплементирање и одржување на комплексни компјутерски мрежи. Во последните 9 години работи како сертифициран тренер на Microsoft и системски архитект. Oдговорен е за одржување на официјални Microsoft курсеви и работилници за мрежна инфраструктура на Windows Server, Active Directory, Exchange Server, System Center Suite, Hyper -V, Office 365 и Microsoft Azure.

 Организација

Обуката се организира од страна на МАСИТ (Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – www.masit.org.mk) со поддршка од Министерството за економија (преку проект од Програмата за Кластерско здружување) а се имплементира од страна на Семос Едукација (Microsoft Gold Partner и најголем тренинг центар во Македонија и регионот кој спроведува официјална Microsoft обука. www.semosedu.com.mk).

Ги повикуваме сите заинтересирани да се пријават до Стефан Додевски (078 296 487) на следниов емаил  This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it  најдоцна до 10.10.2018 година.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

forum_cover

conference_cover