Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржан Форум - „Како да се подобри бизнис опкружувањето во Македонија - општествени и економски промени“

 

 


На 26.09.2018 (среда) со почеток од 11 часот во хотел Александар Палас во Скопје, се одржа Форум „Како да се подобри бизнис опкружувањето во Македонија - општествени и економски промени“ кој беше организиран во рамки на проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.

Forum_Skopje_2018

Подобрување на бизнис регулативата и директен дијалог со приватниот сектор за надминување на предизвиците од даночните и кадрови политики врз ИКТ секторот во Република Македонија, е пораката која ја порачаа учесниците на форумот.

На форумот беа разгледани проблемите и предизвиците со кои компаниите за ИКТ се соочуваат со данокот на додадена вредност (ДДВ) и данок на добивка и персонален данок од една страна, како и обезбедување работна сила во ИКТ секторот преку квалификација, доквалификација и преквалификација на кадри, истовремено соочувајќи се со предизвикот за тоа како да се задржат ИКТ експертите во Македонија, во рамки на двете панел дискусии: 

  • Панел дискусија на тема: ДАНОЦИ: трендови и нивно влијание врз ИКТ секторот и развојот на економијата во Република Македонија на која модератор беше Маријана Андриќ, Експерт за даноци и финансии. 
  • Панел дискусија на тема: Како да го зголемиме обемот на ИКТ кадри во Република Македонија на која модератор беше Анита Никова, Извршен директор на МАСИТ. 

Извршниот директор на МАСИТ, Анита Никова Бундовски, рече дека форумот денеска е посветен на ИКТ индустријата и услужните дејности, со акцент на даночните реформи и долгорочните и краткорочни ефекти од измените.

– Денеска низ дискусија сакаме преку примери од Романија, Бугарија и Велика Британија, каде со мали измени и нивелации во одредени даноци, особено кон ИКТ секторот имало позитивно влијание, и би биле целисходни за цел развој на економијата, рече Бундовски.

Во однос на одливот на ИКТ кадри, Бундовски посочи дека, тоа може да се спречи преку системски измени во образовниот систем и овозможување работа на нови платформи и нови технологии кои се во чекор со светските трендови.

Forum_Skopje_2018_2

Според Кристијан Бадер, експерт за даноци и финансии од Романија, земјата веќе неколку години се посветува на развој на ИКТ секторот како клучен за раст на индустријата.

– Романија одлучи дека најдобар начин да се направи тоа е со давање посебни бенефиции и даночни олеснувања и на компаниите и на индивидуалците кои работат во ИТ индустријата и истражување и развој. Посебен акцент се става и на соработката меѓу компаниите и образовните институции за ИКТ кадар, каде преку можности за донирање и спонзорство од аспект на заедницата се стимулираат од даночен аспект компаниите. Тоа е долгорочен процес и покажа сериозен ефект во градењето на кадар, посочи Бедер.

Ефектите, нагласи Бедер, се веќе видливи, така што речиси десет пати е зголемен ИКТ кадарот за овој период, се отвораат многу истражувачки центри и се инвестира во напредни индустрии.

Forum_Skopje_2018_3

Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ е четиригодишен проект со буџет од 1,9 милиони долари кој има за цел да ја подобри бизнис регулативата и да им помогне на малите и средни претпријатија полесно да ја следат и имплементираат честопати комплексната и неповолна регулатива. Проектот го спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со Стопанска комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

На следниот ЛИНК можете да ги најдете презентациите кои што беа презентирани, листата на учесници, како и фотографиите од Форумот.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48