Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Оглас за ангажман на новинар за biznisregulativa.mk

Screenshot_27

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, кој се имплементира од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија, има потреба од ангажман на новинар за потребите на Проектот.

Постапката ја спроведува Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје. Средствата предвидени за оваа набавка се обезбедени преку Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива. Буџетот за набавката на овој договор е фиксен. Договорот со избраниот понудувач ќе го склучи Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје.

Предмет на договорот за набавка е ангажман на новинар за потребите на проектот. Временскиот период за извршување на ангажманот е од ноември 2018 година до 30 -ти септември 2019 година.

Сите заинтересирани кандидати ги покануваме да аплицираат со испраќање барање за подигање на тендерска документација.

Барањето за подигање на тендерска документација да се достави преку електронска пошта најдоцна до 10.10.2018 година, 16 часот (по локално време) на следната електронска адреса:  This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .

На сите заинтересирани кандидати кои ќе го достават барањето за подигање на тендерска документација, ќе им биде доставена тендерската документација.

Сите прашања поврзани со оваа постапка исклучиво треба да се доставуваат по електронски пат на истата електронска адреса најдоцна до 10.10.2018 година 16 часот.

Критериуми за утврдување на професионална способност на кандидати:

1. Завршено високо образование

2. Минимум 5 (пет) години професионално новинарско работно искуство, пред се во делот на економија и право

3. Одлично Познавање на англиски јазик/ пишување и говорење;

Критериуми за избор на најповолна понуда:

1. Содржина и квалитет на Авторски текстови/ објавени /

2. Број на објавени авторски текстови

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

forum_cover

conference_cover