Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Б2Б настан во рамки на проектот Green ICT Development

B2B_event_GIVE_project_banner

Во рамки на проектот Green ICT Development – GIVE ќе се одржи првата Б2Б средба во хотел TCC Grand Plaza, Скопје на 12-13 декември 2018 година.

МАСИТ како дел од козорциумот на проектот го организира овој настан каде ќе бидат присутни организации и компании од паметни зелени технологии, ИКТ и автомобилскиот сектор.

За време на настанот, партнерите од проектот ќе презентираат финален извештај од состаноците на трите Фокус групи во рамки на проектот, кој беа посветени на следните теми:

• имплементација на меѓу-индустриска соработка (дефинираа можните технолошки решенија за меѓу-индустриска соработка, нови производи, услуги и иновативни процеси)

• бариери за интернационализација на мали и среди претпријатија

• потенцијал за интернационализација и заинтересирани трети пазари

Официјалниот Facebook настан можете да го најдете на следниот линк, додека пак целосната агендата за настанот е достапна тука.

Сите учесниците на настанот ќе имаат шанса да учестуваат во Б2Б средбите, како и да дискутираат: активности, производи, услуги, разговараат за заеднички проекти, партнерства, размена на искуства и информации за пазарот.

Настанот ќе има регионален аспект во кој компаниите од ИКТ, автомобилскиот и green tech сектор ќе бидат дел од следните земји: Бугарија, Албанија, Србија, Романија, и Латвија.

Присуството на настанот е бесплатно, а сите заинтересирани можат да се го регистрираат своето учество на следниот линк.

За повеќе информации можете да го контактирате Стефан Додевски на следниот емаил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it и контакт број: 078 296 487

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48