Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

ВТОР ЦИКЛУС НА ПРОЕКТОТ ЗА ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈА НА КАДРИ FRONT - END WEB DEVELOPER, СО АКЦЕНТ НА “REACT” ТЕХНОЛОГИЈА

 

 

 

 

 

 

 

BANER_SMENET

 

Ве информираме дека во следниот период, на почетокот на месец март 2019 година, МАСИТ ќе започне да работи на проект за преквалификација на кадри. 

 

Станува збор за проект преку кој ќе се реализира преквалификација на кадри, во кој ќе бидат опфатени невработени лица, каде што заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се преквалификуваат со цел да стекнат одредени други вештини, знаења и практично искуство (надвор од оние со кои веќе се здобиле) за ИТ профили кои се потребни на ИКТ компаниите, кои во иднина потенцијално и би се вработиле во ИКТ компаниите.

 

Крајната цел на проектот, а по завршувањето и реализацијата на програмата е лицата да се вработат во ИКТ компании на позиции поврзани со ИКТ сферата.

Програмата за преквалификација ќе трае околу 3 месеци, започнувајќи во месец март, а во периодот кој ќе следи ќе се работи на регрутирање на кадар кој потенцијално би можел да влезе во оваа програма.

 

Низ процесот на преквалификација слушателите ќе се стекнат со теоретско и практично знаење реализирајќи многу hands-on активности, ќе работат на конкретен проект или студија на случај кој ќе се надоградува од предмет во предмет, но ќе ги збогатат и своите компетенции со организациска култура и меки вештини, што ќе ги профилира да бидат веднаш спремни за вработување и продуктивно ангажирање во рамки на ИТ компаниите.

 

Врз основа на резултатите од пополнетиот анкетен прашалник од страна на повеќе ИТ компании инаку потенцијални работодавачи, одбрана е програмата Front - End web Developer, со акцент на “react” технологија, како најпотребна и најатрактивна потреба во моментот.

 

УЧЕСНИЦИ ВО ПРОГРАМАТА

 

Учесниците во програмата потребно е да имаат минимум диплома од средно училиште, да не се постари од 35 годининевработени лица, да имаат интерес и предиспозиции да продолжат со кариера во областа на ИКТ.

Потенцијални кандидати може да бидат и дипломирани студенти на било кој факултет освен на електротехничките факултетии факултетите од информатичките технологии.

За кандидатите, фокусот ќе биде ставен на лица кои имаат склоност кон математика и програмирање и имаат логичен начин на размислување.

Сите заинтересирани учесници своето CV можат да го пратат на  This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it  најдоцна до 31.01.2019 година.

Со цел целокупно успешно реализирање на проект неопходно е спроведување на комплетен процес на регрутација и селекција на најсоодветните кандидати кои ќе ги исполнат неопходните услови за квалификување за процесот на обука.

Заради специфичните потреби на проектот, процесот регрутација ќе биде специјално дизајниран за таа намена, но сепак истиот ќе ги следи основните принципи на стандардно усвоената регрутмент процедура на компанијата и општите стандарди за регрутација.

 

ФАЗИ НА ЦИКЛУСОТ ЗА СОЗДАВАЊЕ ГРУПИ ЗА ПРОГРАМАТА

 

Фаза 0: Прибирање на влезни податоци (CV-а) од заинтересираните кандидати и проценка на задоволувањето на основните критериуми за квалификација во обуката;

Фаза 1: Тестирање за сите кандидати преку генерален тест на знаење кој опфаќа повеќе компоненти (англиски јазик, логика, основни компјутерски познавања);

Фаза 2: Усно интервју на потесно селектираните кандидати;

Фаза 3: Тест за профилирање на потесно селектираните кандидати;

Фаза 4: Дефинирање на целната група (Финална селекција врз основа на првите два критериуми) ;

Фаза 5:Спроведување на обуката (планирано е обуката да се одржува во попладневни термини и за време на викенд);

Фаза 6: Проверка на постигнатите знаења преку самостојна изработка на проект или студија на случај и друг вид тестирања за следење на прогресот на кандидатите;

Фаза 7: Секој кандидат кој по завршувањето на обуката не успее да најде веднаш работа, после периодот од 01.06.2019 година, ќе му биде овозможена пракса во една од ИКТ компаниите во државата.

 

ЦЕНА ЗА УЧЕСТВО НА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ

 

Селектираните кандидати ќе треба учествуваат со контрибуција од 10% од реалната цена на обуката, во вредност од 142 евра во денарска противвредност, со вклучен 18% ДДВ.

Учесниците кои ќе бидат избрани за учество во програмата е потребно да потпишат "писмо за посветеност и обврзување" со кое ќе се потврди нивното учество до крајот на програмата. Во спротивно, односно во случај на откажување, учесникот е обврзан да плати 50 % од реалната цена на курсот.

Локација на проектот ќе биде најавена откако ќе бидат избрани учесниците, чиј број ќе изнесува 30 кандидати, распоредени во две групи за работа и учење.

 

КОНТАКТ

 

Александра Чавдаревска, Правник, мобилен: 078/360570

Email:   This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it


Сите заинтересирани кандидати своето CV можат да го пратат на  This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it  најдоцна до 31.01.2019.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

traicon_1