Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Работилница на тема - „Дигитална трансформација – како понатаму“

 
 

Ве покануваме на Работилница на тема „Дигитална трансформација - како понатаму?“ која ќе се одржи на 31.01.2019 (четврток), во 09:30 часот, во просториите на Brainster (ул. Костурски Херои бр. 28).

Модератор и предавач на работилницата ќе биде Г-дин Љубомир Трајковски - Консултант за управување со дигитална трансформација, Т&П Консалтинг.
Дигиталната трансформација има за цел изнаоѓање на нови форми со содржина, услуги и нивна испорака, со користење на нови ИТ производи и услуги (IoT, Hybrid Cloud, BlockChain, User centric design и др.). Работилницата ќе опфати светските состојби со дигиталната трансформација во малите и средните претпријатија (МСП), подготвеност за дигитална трансформација, потребни ресурси за подготовка на “патоказ за дигитална трансформација” - за секоја компанија посебно, стратешки чекори на повисоко ниво, дискусија и вмрежување.

Целта на работилницата е да се согледаат моменталните состојби и трендови за дигиталната трансформација и да се отвори дискусија за тоа како компаниите да започнат, планираат и спроведуваат успешна дигитална трансформација.

Учесници на работилницата е предвидено да бидат менаџери, директори или раководители во ИТ компаниите кои имаат одлучувачка моќ да направат промени.

Погледнете ја АГЕНДАТА на работилницата за повеќе детали.

Рокот за пријавување е до 29.01.2019 до крајот на денот со задолжително пријавување на следниот линк  https://goo.gl/forms/yGm4sZCnZalcLRVs2 

 

BANER_NA_STEFAN

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

traicon_1