Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Оцена на бизнис средината во Северна Македонија - 2018 година

 

SLIKA_ZA_OCENA_NA_BIZNIS_SREDINATA

Преку Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива најголемите стопански комори во државата: Стопанската комора на Македонија, Стопанска комора на севернозападна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Сојузот на стопански комори на Македонија  ја спроведоа третата оцена на бизнис средината во Македонија, во периодот од 24 октомври до 19 ноември 2018 година.


Главна цел на истражувањето е да се следи перцепцијата на бизнис секторот во однос на бизнис регулативата во Република Северна Македонија. Анализата, заклучоците и препораките треба да им дадат информации на надлежните органи и организациите кои го поддржуваат бизнисот за тековната ситуација и задоволството на бизнис секторот со правната бизнис регулатива, и врз основа на овие информации надлежните органи можат да донесат позитивни одлуки за подобрување на бизнис регулативата. 

Во 2018 година резултатите покажаа позитивен тренд од 35% во споредба со 2016 година, каде компаниите пријавиле зголемено ниво на вклученост во развојот на деловната регулатива. Во однос на целокупната проценка на националното законодавство, компаниите посочија дека сивата економија е едно од клучните прашања кои го попречуваат растот на деловниот сектор во Македонија. 

Се посочува дека решавањето на ова прашање ќе го подобри деловното опкружување и ќе им помогне на компаниите да го подобрат своето работење. Покрај тоа, повеќето од испитаниците како најголеми приоритети на коишто треба да се работи во наредниот период ги наведоа реформите за создавање ефикасен судски систем и овозможување стабилно макроекономско опкружување. Сепак, генерално, компаниите веруваат дека во изминатите 3 години земјата ја зголемила својата регионална конкурентност во трката со другите земји од западен Балкан.

 

Извештајот од истражувањето може да го погледнете на следниот линк

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

traicon_1