Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Барањата на компаниите за измени на Законот за финансиска поддршка

 

57174956_689211294840488_5171468850079727616_n

По одржаната инфо-сесија за подобрување и измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, а по изнесување на ставовите на претставници на приватниот сектор, четирите најголеми комори излегоа со заеднички позиционен документ. Ставовите ги истакнаа компании кои биле дел од програмите за финансиска поддршка во изминатата година, како и компании кои се заинтересирани да аплицираат годинава.

На настанот во организација на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива беше потенцирано дека е потребно да се вклучат и ИКТ компаниите со измена на одредбите со кои ќе се прифатат и нематеријалните средства како дел од инвестициски проект.

Врз основа на идентификуваните проблеми и посочените забелешки од страна на компаниите на одржаната инфо-сесија, предложени се следните конкретни барања:

  •  Целосна инклузија на ИКТ секторот, со конкретизација на член 4, точка 14, која се однесува на инвестициите во нематеријалните средства,
  • Барање за објава на податоци за компаниите кои се добитници на финансиска поддршка согласно законското решение, односно зголемување на транспарентност при доделување на финансиската поддршка за компаниите,
  • Бришење на член 10, став 1, алинеја 3, која ги исклучува субјектите кои вршат дејности од областа на информациско-комуникациски услуги,
  • Прецизирање на начинот на мерење и евалуација на поднесените барања за финансиска поддршка, со цел предвидливост на исходот (outcome) од постапката,
  • Промена на член 14, во однос на додавање на можност за финансиска поддршка за процесите на доквалификација на постоечки кадри (инвестиција во кадри),
  • Различно евалуирање на висината на инвестицискиот проект – Повеќе компании објаснија дека износот на инвестираната сума, не е ценет подеднакво и во целост, односно инвестициите им се признаат делумно, што доведува до несигурност на апликантите при пресметките за очекуваните поврати по однос на инвестиција,
  • Прецизирање на можностите за поврат на направени трошоци за маркетинг, во рамки на активностите за освојување на нови пазари,
  • Признавање на трошоците кои се однесуваат на купување на транспортни возила, кои што се користат за транспорт на стоки,
  • Вклученост на коморите во изработка на подзаконските акти.


Позициониот документе доставен до надлежниот орган со цел подобрување на самиот закон, како и на подзаконските акти и правилници, со што би се зајакнала конкурентноста, би се зголемил опфатот на компаниите и квалитетот на услугите и производите.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

traicon_1