Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Трет “B2B” настан во рамките на GIVE проектот – Рига, Латвија

 

RIGA_1

 

Третиот “B2B“ настан во рамките на Green ICT Development (GIVE) проектот беше одржан во Рига, Латвија, Riga Technical University Design Factory од 16-17.04.2019 година, а организиран од страна на Green and Smart Technology Cluster. Воведната сесија на првиот ден започна со говорот на г-динот Salvis Roga, член на одборот на Green-Tech Латвија. Во текот на воведната сесија г-ѓа Anna Naydenova, Извршнот директор на ICT Cluster Бугарија ги презентираше досегашните активности на Give проектот.

RIGA_2

 

Во рамките на агендата г-дин Aigars Lazdins, сениор експерт од Министерството за Економија говореше за: Кластерот како алатка за поддршка на бизнисот во Латвија и регионот на Балтичкото море. Воедно, различен вид на поддршка за МСП преку кластерите, можности за соработка и програми за поддршка беа презентирани од страна на Jekaterina Vanaga, координатор на проектот EEN Латвија. Првиот ден беше посетена Design фабриката на Riga Techical University. Учесниците на настанот имаа можност да присуствуваат на X-industry hackathon, организиран од страна на Latvian IT Cluster воSEB Innovation Centre.

RIGA_3


Вториот ден започна со говорот на г-дин Kristaps Soms, Директорот на департманот за конкурентност и претприемништво при Министерството за Економија. Во рамките на агендата следеше презентацијата за 3B ICT Network на г-динот Dritan Mezini, Извршниот директор нa AITA Албанија. Претставник од департманот за бизнис развој во електронските комуникации од Латвија г-динот Neils Kalnins ги презентираше идните решенија и бизнис модели кои може да се развијат во рамки на 5G технологијата. Беа споделени повеќе информации од страна на г-динот Martins Velde, Извршен директор на Ventspils High-Tech Park за улогата на Digital Innovation Hubs (DIHs) за дигиталната трансформација во производството. Вториот ден во рамките на агендата компаниите говореа на следните теми: решенија во дигитализацијата, автоматизација, сајбер безбедност и роботика. Настанот заврши со “B2B” средби помеѓу учесниците со цел да се воспостави вмрежување и дискусија за презентираните активности, производи, услуги, заеднички проекти, партнерства, размена на искуства и информации за пазарот.

Бидете во тек со сите идни активности во рамките на проектот, следејќи ги социјалните мрежи на GIVE Facebook page и LinkedIn group.

Следниот GIVE ”B2B” настан ќе биде организиран од 19-20.06.2019 година во Белград, Србија.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

traicon_1