Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ ИКТ награди

MASIT_IKT_nagradi_baner_v2

МАСИТ организира избор на „МАСИТ ИКТ награди за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологијаза 2019, како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance) https://witsa.org/, при што првонаградените решенијаво долунаведените категории ќе ги номинира на 2019 WITSA Global ICT Excellence Awards.

Оваа година, ве повикуваме за номинации на „МАСИТ ИКТ награди“ во следните категории (подетален опис на категориите):

  1. Награда за јавно/приватно партнерство

Оваа награда се однесува на успешни партнерства помеѓу владините субјекти и приватниот сектор во ИКТ.

  1. Награда за дигитална можност / инклузија

Сите поединци, академски институции, корпорации, невладини организации или владини институции кои прават извонредни и успешни напори за обезбедување на дигитални можности за оние на кои им се потребни, се квалификувани за оваа награда.

  1. Награда за одржлив раст

Наградата за одржлив раст вклучува поединци, академски институции, корпорации, невладини организации или Влади кои направиле успешни напори за користење на ИКТ како алатка за промовирање на одржлив економски раст.

  1. Награда за иновативни решенија во е-здравство

Оваа награда се однесува на поединците, здравствените институции, академските институции, корпорациите, невладините организации или Владата кои направиле извонредни и успешни напори за искористување на ИКТ како алатка за промовирање на здравството и здравствената заштита, како што се мобилно здравје, е-здравство преку е-учење, електронски здравствени досиеја итн.

  1. Награда за дигитални иновации

Наградата за дигитални иновации се однесува на бизнисите и претприемачите кои вовеле значајни иновации во технологијата која ги унапредува бизнисот и информатичките технологии. Дигиталните иновативни награди покажуваат напредок во продуктивноста и потенцијалот на деловните апликации, како и технологијата која значително придонесува за подобрување на ефикасноста, продуктивноста и перформансите на една организација, или пошироко помага во исполнувањето на ветувањето за дигиталната ера за секого.

  1. Награда за е-образование и едукација

Оваа награда ќе биде доделена на најдобриот електронски проект за едукација. Тука се бара нова иновативна технолошка алатка или некој проект кој ги користи постоечките електронски алатки за едукација на иновативен начин. Овие проекти треба да ја олеснат и поддржат едукацијата преку употреба на информатичка и комуникациска технологија.

Првонаградените решенија ќе бидат номинирани за учество на изборот на 2019 WITSA Global ICT Excellence Awards за време на светскиот конгрес за ИТ што ќе се оджува од od 6-9 октомври во Ереван, Ерменија. (https://wcit2019.org/).

Право на учество имаат ситеИКТ компаниикои ќе номинираат сопствени решенија имплементирани кај крајни корисници во земјава.

Учеството на „МАСИТ ИКТ награди“ за членките на МАСИТ е бесплатно, додека за компании - нечленки цената за учество изнесува 3 000 денари + ДДВ.

Вашето решение номинирајте го на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it , најдоцна до 3ти јуни 2019, со доставување наследните документи:

  • Пополнета пријава за МАСИТ ИКТ награди (“Prijava za MASIT IKT nagradi 2019”), заедно со пропратните документи кои се наведени во истата.
  • Power Point презентација за своето решение.

Пријавените компании ќе треба да ги презентираат своите решенија на јавен настан организиран од МАСИТ на кој ќе биде извршен и изборот. За таа цел ве информираме дека Комисијата за избор на „МАСИТ ИКТ награди“ по завршувањето на повикот за номинирање на решенија, ќе ги разгледа и ќе направи првична евалуација на истите, согласно дефинираните тежински критериуми (“Tezinski kriteriumi – MASIT IKT Nagradi 2019”). Како што може да забележите во самиот документ, најголемо влијание при оценувањето имаат придобивките кои што целната група ги добива со имплементација на решението. Сходно на тоа ве молиме посебно внимание да посветите на објаснување на овие придобивки.Врз основа на првичната евалуација на комисијата и презентациите за време на јавниот настан, комисијата ќе направи финално оценување и ќе ги соопшти победниците на крајот на овој настан.

Настанот на кој ќе бидат презентирани решенијата ќе се одржи на 07ми јуни 2019 година во 10:00 часот. За локацијата дополнително ќе ве информираме.

Во очекување на Вашите пријави Ви посакуваме успех при изборот.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

traicon_1