Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

ЕИТО - Европска ИТ Опсерваторија


EITO_logo

Европската Oпсерваторија за Информатички Технологии – ЕИТО е основана во 1992 година како независна, непрофитна организација, финансирана од страна на голем број индустриски спонзори, вклучувајќи ја и Европската комисија и ОЕЦД. Почнувајќи од 2003 година ЕИТО редовно доставува годишни извештаи и нуди информации за европските и глобални пазари за информатичка технологија, телекомуникации и потрошувачка електроника. Опсерваторијата од 1 Јануари 2008, е раководена од БИТКОМ (федералната асоцијација за информатичка технологија, телекомуникации и нови медиуми во Германија). Европската опсерваторија исто така соработува со водечки истражувачки институти како ИДЦ и ГфК. Дел од Европската опсерваторија е и ЕИТО Task Force, каде членови се експерти од ИКТ пазарот и земји вклучени во ЕИТО извештаите. Претставник на МАСИТ во ЕИТО Task Force е г-дин Петар Индовски – Горд Системи.

Во ЕИТО членуваат десет национални европски ИТ асоцијации, додека МАСИТ е членка на ЕИТО од 1 Јануари 2009 година, со што се стекнува со право да располага со сите видови извештаите кои ги изработува опсерваторијата како и сите ПР текстови за трендовите во ИТ индустријата. Од 2014 година Македонскиот ИТ пазар е дел од истражувањата и извештаите на ЕИТО.

ЕИТО изготвува извештаи за трендовите на ИТ индустријата во неколку категории и тоа:

Прилагодени извештаи за одредени сегменти на ИКТ пазарите – Изготвување на индивидуални извештаи на одредена тема и според специфичните барања и потреби на даден клиент, доколку имате потреба од ваков вид на извештај, ве молам контактирајте ја ИК на МАСИТ.

Вкупната понуда на извештаи , по одделните категории, содржина и временски периоди можете да ја  погледнете на следниот линк: http://www.eito.com/. При што доколку постои интерес за купување на некои од нив, МАСИТ како активен партнер на ЕИТО има право да посредува и изврши нарачка на истите.

За дополнителни информации околу членството на МАСИТ во ЕИТО и бенефициите кои ги нуди европската опсерваторија на компаниите членки на МАСИТ како и воопшто на македонската ИТ индустрија, ви стоиме на располагање.

Повеќе информации за ЕИТО можете да најдете во следните документи: 

- ЕИТО Флаер 

- ЕИТО презентација 


 

 

 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни Настани

Нема настани