Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Избрано ново раководство на МАСИТ

Лидерите на ИКТ компании членки на МАСИТ, меѓу кои и највлијателните и најуспешните ИКТ компании во Македонија, на 28-ми Март 2013 година, во Стопанската комора на Македонија, 5-ти кат, сала 4, со почеток во 13:00 часот, го одржаа Седмото годишно Собрание на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на кое беше извршен изборот на новото раководство на Комората за следниот мандатен период. 

Седницата беше отворена од страна на досегашниот Претседател на Собранието на МАСИТ, г-дин Даме Цветковски. Досегашниот Претседател на Управниот одбор на МАСИТ, г-дин Игор Бимбилоски даде преглед на активностите на МАСИТ, остварените резултати како и приказ на реализираните проекти за изминатата година а од страна на досегашниот Претседател на Надзорниот Одбор беше презентиран и финансискиот извештај за работењето на Комората за 2012 година. На Собранието исто така беше презентиран предлог Буџет план и предлог Акциски план (програма) за работа на Комората МАСИТ за 2013-2014 година.

Sobranie_na_MASIT_2013_-_1

Понатаму, на седницата на Собранието компаниите членки на МАСИТ избраа ново раководство за наредниот мандатен период 2013-2015, и тоа:

Претседател на Собранието на МАСИТ: Игор Бимбилоски, Македонски Телеком

Претседател на Управен одбор на МАСИТ:Слаѓан Михајловски - Infinite Solutions

Членови на Управен Одбор на МАСИТ:

  • Слаѓан Михајловски - Infinite Solutions
  • Горан Кубелка - Неоком - Заменик Претседател
  • Драган Чепујноски - ОНЕ
  • Илија Прентовски - АССЕКО СЕЕ
  • Боро Антовски - С&Т Македонија
  • Љубомир Христов - Ултра
  • Теди Цоневски - Неотел
  • Илија Стевков - Stone Computers
  • Петар Индовски - Горд Системи
  • Горан Попоски - АСИ
  • Андон Руменов - Реактив
  • Предраг Радојичиќ - Симт
  • Ѓорѓи Гичев - Артисофт
  • Славчо Бујароски - Сигма СБ
  • Бранко Трајковски - Брансис


Претседател на Надзорен Одбор – Миро Крстевски, ДДС компјутери

Претседател на Суд на честа – Јасмина Трајковски, Претставник од Совет на ИКТ експерти на МАСИТ

Sobranie_na_MASIT_2013_-_2

По завршувањето на работниот дел на Собранието, во рамки на свечениот дел, беа доделени благодарници на Проектот за унапредување на инвестициите и извозот при Германската канцеларија за соработка (GIZ IEP) и Министерството за економија на РМ за поддршката во креирањето и имплементацијата Националната стратегија за извоз на софтвер и ИТ услуги што неодамна беше усвоена од страна на Владата на РМ како национална стратегија. Благодарниците беа доделени од страна на новоизбраниот Претседател на Собранието на МАСИТ, Игор Бимбилоски а беа примени од страна на Валентина Нушкова од Проектот за унапредување на инвестициите и извозот при Германската канцеларија за соработка (GIZ IEP) и Николина Трајановска од Министерството за економија.

Sobranie_na_MASIT_2013_-_3

Sobranie_na_MASIT_2013_-_4

        

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48