Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ ИКТ ДЕНОВИ 2017

MASIT_IKT_DENOVI_V5

Со особено задоволство би сакале да ви го најавиме одржувањето на два претстојни настани кои ќе се одржат во рамки на

МАСИТ ИКТ ДЕНОВИ 
26-27.09.2017 
хотел „Александар Палас" - Скопје
www.seeita.org
 

26 Септември 2017 (вторник)
ФОРУМ: Регулатива на работните односи и пазарот на труд во рамки на ИКТ секторот

Форумот се организира од страна на МАСИТ во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива во кој МАСИТ е партнер заедно со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северо – Западна Македонија и Епи Центар Интернационал.

Целта на форумот е да се обработат и дискутираат теми поврзани со регулативата на работните односи а кои се специфични за ИКТ (информатички и комуникациски технологии) секторот, односно:

  • Регулирање на работните односи во ИКТ секторот (флексибилност на работно време, прекувремена работа, работа од дома, пракси)
  • Плати и надоместоци од работен однос (плаќање на работата, прекувремени часови, работа на празник, распоред на работно време и различните временски зони, надоместоци на трошоци за службен пат, подолг престој во странство, дополнителни исплати/подароци/стимулации/награди на вработените)
  • Учество на државата во прилагодување на потребите на пазарот на труд: регулирање на пракси/подготовка на кадри за кариера во ИКТ секторот – успешни примери од странство
  • ФОРУМ ДИСКУСИЈА со учесниците на настанот во рамки на кои покрај експертите ќе бидат поканети да земат учество и претставници од Министерство за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука, Министерство за информатичко општество и администрација, Државен инспекторат за труд, претставници од ИКТ приватниот сектор, претставници од факултетите кои образуваат ИКТ кадри и претставници од интернационални организации кои имаат активности во оваа област

АГЕНДА

РЕГИСТРАЦИСКА ФОРМА - Учеството на форумот е бесплатно со задолжителна претходна регистрација и е отворено за претставници од ИКТ компаниите, институции и организации. 

 

27 Септември 2017 (среда)
КОНФЕРЕНЦИЈА за иновативни ИКТ решенија и трендови

Оваа конференција е организирана од МАСИТ како главен организатор и е поддржана од страна на Министерството за економија на Македонија преку проект од програмата за кластерско здружување.

Конференцијата има за цел да претстави иновативни теми, решенија и трендови од интерес на ИКТ компаниите, како што се: што е ново во ИКТ секторот, какви трендови ни претстојат во иднина, успешно имплементирани решенија на компаниите членки на МАСИТ, иновативни методи, светски трендови во ИКТ индустријата. Предвидено е да бидат претставени решенија во јавен сектор, приватен сектор, како и успешни приказни на Македонски ИКТ компании.

АГЕНДА

РЕГИСТРАЦИСКА ФОРМА - Учеството на форумот е бесплатно со задолжителна претходна регистрација и е отворено за претставници од ИКТ компаниите и други сектори, институции и организации.

МОЖНОСТИ ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И СПОНЗОРСКИ ПАКЕТИ - Доколку сакате да го презентирате вашето решение или успешна приказна информирајте се за можностите за спонзорство и презентација

 

Повеќе информации можете да дознаете на www.seeita.org

 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

fb_icon_3 Linkdin_icon_2 Insta_icon_2 yt_icon_2 twitter_icon_2

Актуелни Настани

Нема настани