Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Став на во однос на воведувањето на прогресивниот данок и целокупната даночна реформа

 

Screenshot_10

МАСИТ во неколку наврати досега имаше соопштенија за јавноста во врска со ставот на МАСИТ за најавите за потенцијално воведување на прогресивно оданочување на персоналниот доход, кои ги претставуваат ставовите и мислењата на повеќе од 80 од најголемите и најиновативни компании во Република Македонија.

Откако Министерот за финансии, Г-дин Тевдовски ги најави даночните реформи, иако за истите се бараше одлагање од целиот бизнис сектор, МАСИТ застанува зад својот став во одбрана на создавање на подобри услови за работа на бизнис заедницата, а посебно ИКТ секторот и во таа насока повторно барање за одлагање на даночните реформи.

Стручните мислења на ниво на МАСИТ се неподелени по основ на воведувањето на прогресивниот данок – воедно, МАСИТ посочува некои основни недостатоци на даночната реформа која се предлага и кои ќе доведат до сериозни проблеми при функционирањето и унапредувањето на ИКТ секторот во Република Македонија:

Предложената даночна политика нема да оди во линија на подобрување на социјалната еднаквост, туку ќе оди во насока на целосно намалување на продуктивноста, вработливоста, и развојот на квалификации. Стручните лица од МАСИТ сметаат дека токму со оваа даночна реформа се врши пенализација на деловите од населението кои напорно работат кон напредување и повисоки приходи, а се наградуваат оние кои не се трудат и со тоа директно се создава намалување на продуктивноста.

Со предложените мерки се врши дестимулирање на развојот на висококвалификуваните кадри – зголемувањето на данокот на личен доход најмногу ќе ги погоди оние кои вложувале во сопствениот професионален развој и ќе испрати порака дека квалификуваноста е неисплатлива, со што ќе се отстрани стимулот за развој на способности и квалификации.

Наместо фискален ефект, ќе се добие ефектот на даночна непослушност и ќе биде главен двигател на сивата економија. Конкретно, МАСИТ смета дека ќе следи период на зголемување на даночното затајување – нискиот степен на задоволство кај обврзниците за начинот на кој прибраните средства се користат, ќе донесе до зголемувањето на даноците ќе доведе до изнаоѓање дополнителни и креативни начини за даночна евазија. Директно поврзано, по овој основ на дополнителните средства кои ќе се инјектираат во буџетот, јазот меѓу богатите и сиромашните нема да се нивелира, туку ќе се продлабочи.

МАСИТ смета дека првенствено и во насока на соодветна и ефективна даночна реализација, треба да се подобри начинот на собирањето на даноците, со цел целосно искоренување на сивата економија, или барем нејзино сведување на минимум. Со таа контрола на примањата по основ даноци, ќе се затвори прашањето за постоењето на сиромаштијата во голем степен. Конкретно, со истата мерка за собирање на данокот од сите даночни обврзници, од кои нема даночна реализација, ќе се постави нормален систем во државата и токму тогаш ќе се воведе рамноправен третман кон сите економски оператори.

МАСИТ постојано предупредува на појавата “Одлив на мозоци” и “Одлив на капитал и намалени инвестиции ”– брзото и ненајавено, однапред не анализирано даночно решение кое претставува сериозна измена во финансиската легислатива во државата и те како го комплицира работењето на компаниите во приватниот сектор поради неможноста да се планираат трошоците и ќе доведе до несигурност и кај домашните компании и кај странските инвеститори.

Воведувањето на прогресивен данок директно ги таргетира висококвалификуваните и професионални ИКТ кадри кои веќе се дефицитарни во Македонија. Тоа ќе доведе до одлив на квалификуваните кадри во земји со поповолна даночна клима и подобра социоекономска ситуација. Ова пак претставува директен удар за иновативните “смарт” индустрии кои генерираат најголеми приходи и додадена вредност и се двигатели на економијата – иновативните и брзорастечки компании, особено во ИКТ секторот.

МАСИТ смета за да се донесе соодветно решение на вака комплицирана и деликатна тема, претходно требаше да се направат сите напори од страна на државата да се слушне ставот на бизнис заедницата и да се најде соодветно решение, да се земат позитивните примери од другите земји во развој со потпомагање на ИКТ секторот и воопшто бизнис индустријата.

МАСИТ веќе е дел од тимот на Стопански комори кои изработија анализа за ефектите од политиката на рамни даноци во Република Македонија, како и ефектите од политиката на даночната реформа. Согласно истото, МАСИТ смета дека во овој момент е најважно да се одложат најавените даночни реформи за воведување на прогресивно оданочување, за најмалку 5 години. Дополнително, МАСИТ, во соработка со АмЧам и Македонија2025 ги стави своите најрелевантни кадри за даночни реформи на располагање пред надлежните институции, со цел истите институциите да имаат директен инпут за потенцијалните негативни ефекти кои би настанале од воведување на ад хок прогресивно оданочување.

Воедно, МАСИТ повикува на дијалог помеѓу бизнис заедницата и институциите, со цел избегнување на економските неповолни ефекти кои можат да се нанесат на бизнис заедницата, доколку настане превид на сите фактори кои можат да настанат како домино ефект од предложените измени.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48