Македонскиот ИТ пазар нагло опадна во 2010, со очекување за повторен пораст во 2011 година
Македонскиот ИТ пазар опадна за 12.9% на годишно ниво во 2010, изнесувајќи 143.20 милиони долари. Според компанијата за истражување на пазарот ИДЦ, економијата на земјата полека почна да се опоравува од економската криза бележејќи пораст на бруто домашниот производ, извозот и странските директни инвестиции во 2010 година. Се очекува трендот да продолжи и во 2011 година, а со тоа се очекува и пораст на локалниот ИТ пазар.
"ИТ пазарот во Македонија ги осети ефектите од глобалната рецесија во 2010 година поминувајќи ја 2009 година без поголеми промени, но владините мерки против рецесијата како и ИТ иницијативите и проектите ќе помогнат за повторен пораст на ИТ пазарот во 2011 и целосно опоравување во 2012 година" вели Далибор Суботичанец од IDC Adriatics. Македонскиот ИТ пазар забележа дивергентни технолошки трендови во изминатите години. Потрошувачката на хардвер опадна во 2010, бележејќи пад трета година по ред, додека инвестициите во софтвер пораснаа повторно по четиригодишниот пораст, а ИТ услугите за прв пат забележаа пад во 2010 година по долгиот тренд на пораст во изминатите години.
Во однос на продажбата, хардверските пратки во годината опаднаа за повеќе од 20% во 2010, додека продажбата на компјутери опадна за 40%. Во исто време продажбата на пакуваниот софтвер порасна 8.0% додека потрошувачката на ИТ услугите опадна за 5.2 %.
ИТ потрошувачката по глава на жител во Македонија изнесуваше $70, и е на четврто место во Адриатик регионот, но само 8.1% од европскиот просек. Словенија води во ИТ потрошувачката по глава на жител со просек од $430, а по неа следат Хрватка со $235 и Србија со $95.
Според ИДЦ, се очекува ИТ потрошувачката во Македонија да порасне 7.6% во 2011 година. Вкупната ИТ потрошувачка во земјата се очекува да расте со 9.7% - compound annual growth rate (CAGR) и да достигне вредност од $227.53 милиони во 2015 година. По глава на жител, тоа би изнесувало 65.4% од регионалниот просек, односно $110.
Скопје, Јули 19, 2011
Извор: IDC
Македонскиот ИТ пазар со скромен пад во 2008 од исклучително висок во 2007
Македонскиот ИТ пазар во 2007 година вреден 121 милион долари