Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Македонскиот ИТ пазар со скромен пад во 2008

Македонскиот ИТ пазар со скромен пад во 2008 од исклучително висок во 2007

Загреб, Скопје, 24 Јули, 2009 - ИТ пазарот во Македонија опадна за 2.9 % во 2008 година, на 159.05 милиони американски долари. Измерено во локална валута пазарот падна за 10.1 %, согласно со годишната студија на истражувачката компанија на ИТ пазарот, IDC. Како што се очекуваше, ИТ трошењето во Македонија се намали последната 2008 година од едно исклучително високо ниво во 2007 година, кога пазарот “небесно” порасна на 63.8 % за една година.

“Исто така, треба да се забележи дека ИТ пазарот во 2008 беше за 60% над ИТ пазарот во 2006. Ова може да биде карактеристика за една поволна економска клима и осебено силна побарувачка од домаќинствата и финансиските институции, масивни телекомуникациски трошења и истакнати, иако намалени, владини ИТ трошења” вели Борис Житник, Управниот Директор на IDC Adriatics. “Такви варирања и динамични ИТ трошења се типични за ИТ пазари во мали земји, во кои многу мал број од големи проекти можат драматично да влијаат на пазарните трендови”.

Во 2008, трошењата во ИТ услугите се зголемија 38.4% за година, софтвер пакетите растеа за 5.8% a продажбата на хардвер за 12.9%. “ИТ трошењето во 2008 беше водено од разбранет растеж во набавките во ИТ услугите, како и продажба на преносни компјутери, особено во сегментот на домаќинствата и малите бизниси” тврди Житник. Делот од ИТ услугите од севкупниот ИТ пазар во Македонија е 22.8% за 2008 година, делот на пакуваниот софтвер е 10.9%, додека за хардвер се пресметани останатите 66.2%.

“Голем број на еВладини проекти се започнати или се планирани. Сепак, извршувањето на овие проекти може да биде одложено поради буџетски ограничувања. IDC очекува глобалната економија и финансиските кризи да влијаат на Македонскиот ИТ пазар, кој ќе опадне за најмалку 13% во 2009,  проследен со минимални движења во 2010” изјавува Житник.

IDC очекува ИТ трошењата во Македонија да пораснат со стабилна годишна растечка стапка од околу 3% и во наредниот пет-годишен период до 2013 да достигнат до 184.02 милиони долари.

Извор: IDC

Македонскиот ИТ маркет опаѓа втора година по ред во 2011 поради намалувањето на ИТ трошоци од страна на Владата и Телеком, изјави ИДЦ

Македонскиот ИТ пазар нагло опадна во 2010, со очекување за повторен пораст во 2011 година

Македонскиот ИТ пазар расте најбрзо во Адриатик регионот, поддржан од инвестициите во Владините, Финансиските и Телекомуникациските сектори

Македонскиот ИТ пазар во 2007 година вреден 121 милион долари

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

Актуелни Настани

Нема настани