Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Македонскиот ИТ пазар расте најбрзо во Адриатик регионот, во 2008

Македонскиот ИТ пазар расте најбрзо во Адриатик регионот, поддржан од инвестициите во Владините, Финансиските и Телекомуникациските сектори

27 Ноември, 2008

Загреб, Скопје, Ноември 27 2008 – Македонскиот ИТ пазар достигна „небесен“ годишен раст од 63,8% во 2007 година, на речиси 164 милиони американски долари, или 53,7% годишен пораст мерено во локалната валута. Според студијата на компанијата за истражување на пазарот IDC, рекордниот пораст се должи пред се на големите инвестиции во ИТ на Владата и Телекомуникациските компании, континуираната потрошувачка во финансискиот сектор, како и намалувањето на цените на ИТ опремата, заедно со намалениот ДДВ за истата.

„Македонската Влада презеде неколку забележителни акции минатата година, вклучувајки голема набавка на ИТ опрема за образовниот сектор и намалување на ДДВ-то за компјутерската опрема и софтвер, кофинансирање на набавката на компјутери за апсолвентите, што ја зголеми потрошувачката на преносни компјутери и финансирање на обука на 22000 жители за основни ИТ вештини и ннтернет. Овие развојни проекти го подигнаа ИТ пазарот во Македонија, правејки го најбрзо растечки пазар во Адриатик регионот.“ вели Борис Житник, генерален директор на IDC Adriatics. „Динамичната економија, заедно со владините напори за градење на информатичко општество, ќе бидат и понатаму придвижувач на растот на ИТ пазарот и во наредните години.“

Хардверот продолжи да биде најголем и најдинамичен сегмент од македонскиот ИТ пазар, со ударен годишен пораст од 88,3%, опфаќајки речиси три четвртини од вкупниот ИТ пазар. ИТ услугите беа вториот најголем сегмент, опфаќајки 16% од вкупната ИТ потрошувачка, со 22.6% годишен пораст во 2007 година. Пакуваниот софтвер е трет со 10% од вкупниот пазар и со 15.2% годишен пораст.

IDC очекува зголемување на ИТ потрошувачката во Македонија со просечна годишна стапка од 8% во тек на четиригодишниот период на прогноза, за да достигне 240 милиони американски долари во 2012 година.

Извор: IDC 

Македонскиот ИТ маркет опаѓа втора година по ред во 2011 поради намалувањето на ИТ трошоци од страна на Владата и Телеком, изјави ИДЦ 

Македонскиот ИТ пазар нагло опадна во 2010, со очекување за повторен пораст во 2011 година

Македонскиот ИТ пазар со скромен пад во 2008 од исклучително висок во 2007

Македонскиот ИТ пазар во 2007 година вреден 121 милион долари

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

Актуелни Настани

Нема настани