Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Македонскиот ИТ пазар во 2007 година вреден $121 милиони

Минатата 2007 година македонските даватели на ИТ услуги извезоа дури една третина од услугите во странство, а вредноста на пазарот на ИТ услуги изнесуваше околу 25 милиони долари.

Македонскиот ИТ пазар во 2007 година е значително пораснат, за повеќе од 40%, достигнувајќи вредност од 121 милион долари. Високиот раст е поттикнат најмногу од државните вложувања во образовниот сектор. Според IDC, висока стапка на пораст на ИТ потрошувачката во Македонија се очекува и во наредните години, а очекувањата се темелат на економскиот раст на земјата, државните институции, странските вложувања и поттикнувања, припремите за членство во НАТО и ЕУ, реформите во државната администрација и реструкуирањето на претпријатијата.

Бранот на ИТ потрошувачка во земјата е резултат на здравиот раст од 13% во 2006 година, кога потрошувачката достигна приближно 83 милиони долари. За разлика од 2007 година, побарувачката во 2006 година доаѓаше претежно од страна на претпријатијата и домакинствата, додека учеството на државата и државните компании беше успорено заради парламентарните избори.

Хардверот и понатаму претставува главна компонента на ИТ потрошувачката во Македонија. IDC проценува дека вложувањата во хардвер во 2007 година пораснаа за околу 69%, односно достигнаа проближно 80 милиони долари, што претставува две третини од вкупната ИТ потрошувачка. Вториот најголем сегмент претставуваат ИТ услугите, а IDC предвидува раст од приближно 16%,  на 25 милиони долари што изнесува приближно една петтина од вкупниот пазар. На трето место по потрошувачка е  стандардизиран софтвер, на кој е потрошено 16.5 милиони долари, односно 13,6% пв вкупната ИТ потрошувачка. Во 2006 година на софтвер е потрошено 14,3 милиони долари.

"Иако структурата на ИТ потрошувачката во земјата рефлектира незрелост на македонскиот ИТ пазар, во минатата година се случи значаен напредок во корист на уделот на ИТ услуги"  - тврди Борис Житник, директор на претпријатието IDC Adriatics. "Македонија е единствена во Адриатик регионот по раст на популарноста како давател на offshore ИТ услуги. Минатата година, домашните даватели на ИТ услуги извезоа дури третина од услугите во странство".

IDC во идните пет години очекува зголемување на ИТ потрошувачката во Македонија по просечна годишна стапка од приближно 20%. Во 2011 ИТ пазарот ќе достигне 206 милиони долари, што е повеќе од двојно зголемување во однос на 83 милиони долари од 2006 година.  

Извор: IDC

Македонскиот ИТ маркет опаѓа втора година по ред во 2011 поради намалувањето на ИТ трошоци од страна на Владата и Телеком, изјави ИДЦ

Македонскиот ИТ пазар нагло опадна во 2010, со очекување за повторен пораст во 2011 година

Македонскиот ИТ пазар со скромен пад во 2008 од исклучително висок во 2007

Македонскиот ИТ пазар расте најбрзо во Адриатик регионот, поддржан од инвестициите во Владините, Финансиските и Телекомуникациските сектори

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

fb_icon_3 Linkdin_icon_2 Insta_icon_2 yt_icon_2 twitter_icon_2

Актуелни Настани

Нема настани