Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

ЗА МАСИТ

 

Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) е волонтерска, непрофитна институција. Комората беше основана како асоцијација, во 2000 година, на иницијатива од најдобрите 15 македонски ИКТ компании како дел од Стопанската комора на Македонија. Во Април 2007, на Годишното собрание на МАСИТ беше усвоена правната трансформација на МАСИТ од Асоциација стана Комора.

Денес МАСИТ е гласот на Македонската ИКТ индустрија. Комората претставува компании од сите ИКТ сектори вклучувајки: софтверски компании и компании за ИТ услуги, хардвер компании и дистрибутери, кериер и други телеком компании, како и тренинг провајдери и ИКТ консултантски компании.

Сите активности и иницијативи на МАСИТ се остваруваат преку работата на работни групи каде сите членови можат да учествуваат со нивни сопствени иницијативи, и да ги искажат своите потреби и проблеми. МАСИТ завзема учество на настани поврзани со ИКТ индустријата, исто и учестува во промоција на достигнувањата на членовите во областа на развојот на софтвер и ИТ услуги. Претставниците на МАСИТ учествуваат во дефинирањет на регулаторната рамка и помагаат во дефинирањето на националните ИТ стандарди. МАСИТ преку различни јавно-приватни партнарства го помага развојот на ИКТ.

Тела на МАСИТ се Управен одбор, Надзорeн одбор и Суд на честа. Во составот на МАСИТ постои и Извршна канцеларија каде работат професионалци и кои се одговорни за сите активности на Комората.

Статутот на МАСИТ исто така дефинира и Совет на ИКТ експерти. Советот го сочинуваат индивидуалци, професионалци на полето на ИКТ кои работат во Академија, Владини и финансиски институции и организации.

МАСИТ соработува регионално и интернационално со други корперации и асоцјиации. Региoнално МАСИТ соработува со сите ИКТ Асоцијации од регионот на ЈИЕ (Југо-Источна Европа), и е член на Balcan and Black Sea Cluster Network. Интернационално МАСИТ стана членка на World Information Technology and Services Alliance - WITSA (www.witsa.org) во Мај 2005. А од Јануари 2009 МАСИТ стана член на European Information Technology Observatory - EITO (www.eito.com).МАСИТ има одлична соработка со донорските организации USAID и GTZ.

 

ВИЗИЈА:
МАСИТ да овозможи раст на македонскиот ИКТ бизнис, негова препознатливост и имиџ како во земјата така и во странство, како и унапредување на македонската економија и просперитет со посилна, поорганизирана и прогресивна ИКТ индустрија.


МИСИЈА:
МАСИТ е гласот и ресурсот на конкурентниот ИКТ сектор, поддршка на економијата базирана на иновации и клучен фактор за просперитет на нацијата.


ЦЕЛИ:
Следните цели се воспоставени за да се постигнат наведените визија и мисија, да се задоволат потребите и интересите на компаниите членки како и да се проши членство во МАСИТ:

  • Јавен дијалог - да се зајакне препознатливоста на МАСИТ и неговата улога во развојот на ИКТ законодавството, политиките и правилата на пазарот преку заштита и застапување на интересите на ИКТ бизнис заедницата.
  • Конкурентност - да се зголеми конкурентноста на членовите преку градење на капацитети, поттикнување на иновациите, доживотно учење, како и сертификација на компании и квалификација на човечки ресурси.
  • Соработка и вмрежување – да ја поддржи соработката и вмрежувањето на ИКТ компаниите во земјата, регионално и на меѓународно ниво преку настани, проекти, партнерства, конкурси, признанија и награди. Да се изгради и да се зајакне мрежата на МАСИТ со препознаени организации во насока на подобрување на брендот на Македонската ИКТ индустрија, нејзината препознатливост, имиџот и репутацијата.
  • Извозни капацитети – да го поддржи извозот преку подобрување и промоција на извозните политики; меѓународно брендирање и позиционирање; промовирање на кластери и соработка; зајакнување на извозни способности и знаења; поттикнување на квалитетот и извонредноста на компанијата со крајна цел да се воспостави Македонија како препознатлив бренд за специјализирани, високо квалитетни аутсорсинг услуги и софтверски производи.
  • Одржливост - постојано да ги подобрува своите финансиски и организациски операции и да се воспостави МАСИТ како признаена и професионална организација, преку иновативно, ефективно и ефикасно управување и лидерство со цел да ја исполни својата визија и мисија.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

fb_icon_3 Linkdin_icon_2 Insta_icon_2 yt_icon_2 twitter_icon_2

Актуелни Настани

Нема настани