Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Собрание

Собранието на Комората е највисок орган и него го сочинуваат сите членови. Членовите на Комората МАСИТ за заедничките работи одлучуваат на Собрание на Комората МАСИТ. Собранието може да одлучува на седници, преку интернет гласање, преку електронска пошта, или писмено по факс.

Собранието се состанува најмалку еднаш годишно на редовно собрание, или повеќе пати во текот на годината како вонредно Собрание. Собранието задолжително се состанува на барање на најмалку 10% од бројот на членовите на Комората МАСИТ, или на барање на Управниот Одбор, или на барање на Надзорниот одбор.

Начинот на свикување, работа, одлучување и евидентирање на одлуките на собранието е определен со Правилник за работа на Собранието на МАСИТ усвоен од страна на Собранието на МАСИТ.

Сите одлуки Собранието на Комората МАСИТ ги донесува со обично мнозинство, освен одлуката за престанок на Комората МАСИТ, која се донесуваат со двотретинско мнозинство од присутните. Работен кворум на Собранието е половина плус еден член од вкупниот број на членови на Комората МАСИТ, освен за донесување одлука за престанок на работа на Комората МАСИТ за која е потребен работен кворум од 2/3 од членството. Секој член на Комората МАСИТ во Собранието е претставен само со еден глас.

Заради непречено и ефикасно спроведување на активностите на МАСИТ, може да се спроведе електронско гласање (гласање преку електронска пошта) од страна на членките на МАСИТ.

Електронско гласање ќе се применува селективно: Претседателот на Собранието, во зависност од природата и итноста на прашањата од Дневниот ред, за секој случај поединечно одлучува дали ќе се спроведе електронско гласање, или ќе свика седница на Собранието.

Претседателот на Собранието може да одлучи електронско гласање да се спроведе за сите или само за поединечни точки од Дневниот ред. Оние точки од Дневниот ред за кои нема да се спроведе електронско гласање, ќе бидат ставени на Дневниот ред за наредната седница.

Електронско гласање се спроведува на начин што Претседателот на Собранието, преку Извршната Канцеларија на МАСИТ, преку електронска пошта ги повикува сите членови на МАСИТ да се изјаснат за одлуките кои е потребно да се донесат, во определен рок, кој не може да биде пократок од два работни денови. Стручната служба и дополнително ќе ги информира членовите на МАСИТ дека се спроведува електронско гласање и ќе ја нагласи темата и рокот до кога може да се гласа.Во случај членот на МАСИТ да не се изјасни преку електронска пошта во определениот рок, молчењето ќе се смета за прифаќање на одлуката.

Веднаш по истекот на определниот рок, Претседателот на Собранието преку електронска пошта ќе ги извести членовите на МАСИТ за резултатите од електронското гласање.Гласањето преку електронска пошта ќе има иста правна сила и обврзувачко дејство, како и гласањето извршено на седница на Собранието на МАСИТ.

Собранието на Комората МАСИТ е овластено да ги донесува сите одлуки, вклучувајќи ја и одлуката за предвремено распуштање или продолжување на траењето на Комората МАСИТ.

Сoбранието му ги делегира на Управниот Одбор сите права и обврски на донесување одлуки освен оние за исклучување на член, прифаќање на годишен извештај за работење, контрола и глобални правци на развој на МАСИТ, престанок на работењето и постоењето на Комората МАСИТ, избор на Надзорен Одбор и избор на Управен Одбор, избор на Суд на честа, како и избор на Претседател на Собранието.

Повеќе информации за седниците на Собранието на МАСИТ можете да најдете на следниот линк.

Претседател на Собрание на МАСИТ:

2015-2017 - Драган Чепујноски (ОНЕ)

Поранешни Претседатели на Собрание:

2013-2015 - Игор Бимбилоски (Македонски Телеком)

2011-2013 - Даме Цветковски (Неоком)

2009-2011 - Васко Кроневски (Некстсенс)

2007-2009 - Тони Петрески (Инет)

2005-2007 - Иван Митревски (Макомп)

2003-2005 - Љубисав Лазаревиќ (Еконет)

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни Настани

Нема настани