Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Совет на ИКТ Експерти

Советот на ИКТ Експерти се основа во рамки на Комората МАСИТ и истиот во име на комората МАСИТ работи на воспоставување комуникација и давање придонес во работењето и остварувањето на целите на Комората МАСИТ дефинирани со нејзиниот Статут преку користење на поединечните и колективните експертски знаења на поединците од профилот на информатичката и комуникациската технологија со статус на експерти и реномирани референтни познавања од ИКТ технологијата во деловната заедница во Република Македонија. Советот на ИКТ експерти работи согласно Статутот на Советот на ИКТ експерти.

Советот на ИКТ Експерти, низ оперативни и конкретизирани активности преку советување и препораки и помага на Комората МАСИТ во развојот на ИКТ индустријата за:

  • развој на пазарно стопанство, слободно претприемаштво и поттикнување конкуренција во ИКТ секторот
  • подобрување на ефикасноста на работењето и работата на членовите и нивната организираност  и оспособување на ИКТ кадрите
  • давање стручна помош на членките во развој на одделни ИКТ дејности, усвојување и воведување на современи технологии и методи на работење во ИКТ индустријата и во работењето воопшто
  • поттикнување и координирање на истражувањата и развојот на техничко-технолошките достигнувања
  • обезбедување на квалитетна и стручна помош и деловни услуги за членовите на Комората МАСИТ
  • воспоставување и развој на стопанска соработка со странство, со посебна насоченост кон промоција на стоките и услугите, економската пропаганда, организирање на саеми, учество во развивањето на надворешно трговските работи и соработка со коморите и организациите од другите држави
  • забрзување на развојот на ИКТ стопанството
  • организирање стручно ИКТ оспособување, преквалификација и доквалификација на стручни кадри
  • востановување на постојана комуникација во полза на осовременување и унапредување на образовните процеси и програми во Република Македонија во смисла на имплементирање на ИКТ технологиите во образовните процеси и во смисла на продукција на квалитетни ИКТ кадри
  • развивање и организација на единствен организациски систем и деловно информирање за значајни податоци од домашната и светската економија за развојни проекти, актуелни специјализирани информации од кредитно-монетарната, даночната, царинската политика и пазарот, технологијата и извозно-увозните можности
  • подготвување на законодавството во областа на ИКТ стопанството, мерките и механизмите на стопанскиот систем и економската политика и утврдување на макроекономската и развојната политика и информирање за подготовките и промените на законските и другите процеси од ИКТ стопанството
  • давање на мислења од ИКТ областа.


Претседател на Советот на ИKТ експерти (2013-2015):

  • Иван Митрески, Консултант


Поранешни Претседатели на Советот на ИKТ експерти:

  • (2011-2013): Јасмина Трајковски, Т&П Консалтинг
  • (2009-2011): Проф. Анета Бучковска, ФЕИТ
  • (2007-2009): Проф. Анета Бучковска, ФЕИТ
  • (2005-2007): Проф. Марјан Гушев, ПМФ

 

Членови на Советот на ИKТ експерти


Бр. Име и презиме Компанија
1 Јасмина Трајковски Совет на ИКТ експерти
2 Анета Бучковска ФЕИТ
3 Благој Јанешлиев Македонска банка за поддршка и развој
4 Александар Шахов USAID - IDEAS
5 Гоце Арменски ПМФ
6 Борис Упевче
7 Љубомир Трајковски T&P Consulting
8 Сашо Јосимовски Економски Факултет
9 Калина Треневска Благоева Економски Факултет
10 Марјан Гушев Институт за Информатика/ПМФ
11 Борислав Поповски ФЕИТ
12 Маргита Кон Поповска ПМФ
13 Жанета Попеска ПМФ
14 Валентина Гечевска Машински Факултет
15 Пеце Митревски Технички факултет Битола
16 Драган Николиќ Министерство за одбрана
17 Александар Угриноски
18 Фисник Марку
19 Бардил Јашари Фондација Метаморфозис
20 Александар Билбилов Macedonia Conects - USAID
21 Владимир Радевски Њујорк Универзитет, Скопје
22 Синиша Иванковиќ
23 Елица Перчинкова АЕК
24 Димитар Трајанов ФЕИТ
25 Зоран Благојевиќ
26 Божидар Спировски NLB Tutunska Banka
27 Јован Пехчевски Европски Универзитет
28 Александар Стефановски
29 Иван Краљевски ФОН Универзитет
30 Симе Арсеновски ФОН Универзитет
31 Нина Угриноска Статер Банка АД, Куманово
32 Иван Митревски Консултант
33 Валентина Нушкова ГИЗ
34 Светлана Петровска Таргет комуникации
35 Јадранка Аризанковска СКМ


ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни Настани

Нема настани