Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Структура


Собранието на Комората е највисок орган и него го сочинуваат сите членови. Членовите на Комората МАСИТ за заедничките работи одлучуваат на Собрание на Комората МАСИТ. Собранието може да одлучува на седници, преку интернет гласање, преку електронска пошта, или писмено по факс.

Управен Одбор

Управниот Одбор на Комората е нејзин орган на управување кој за својата работа му одговара на Собранието на Комората МАСИТ. Оперативното управување, работење и донесување на одлуки во име на МАСИТ, освен оние кои се останати во надлежност на Собранието, како делегирано право ги врши Управниот Одбор избран од Собранието.

Претседател на Управен Одбор

Со работата на Управниот Одбор на МАСИТ раководи и претседава Претседател на Управниот Одбор со еден мандат од 2 години, избран со просто мнозинство од страна на членовите на Управниот Одбор, најдоцна во рок од 3 дена по одржувањето на годишното Собрание.

Надзорен Одбор

Надзорниот Одбор врши надзор врз законистоста, материјално–финансиското работење и правилноста на работата на Комората и за својата работа го известува Собранието на Комората.

Суд на честа

Судот на честа се грижи за прашањата поврзани со добрите деловни обичаи и морал, како и за неизвршување на обврските и повредите на актите на Комората.

Совет на ИКТ експерти

Советот на ИКТ Експерти се основа во рамки на Комората МАСИТ и истиот во име на комората МАСИТ работи на воспоставување комуникација и давање придонес во работењето и остварувањето на целите на Комората МАСИТ дефинирани со нејзиниот Статут преку користење на поединечните и колективните експертски знаења на поединците од профилот на информатичката и комуникациската технологија со статус на експерти и реномирани референтни познавања од ИКТ технологијата во деловната заедница во Република Македонија.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни Настани

Нема настани