Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Позициски документ за јавни набавки на ИКТ

МАСИТ очекува со овој документ да ги приближи своите идеи до пошироката јавност и до соодветните институции кои имаат надлежности во областа на планирањето и спроведувањето на јавните набавки, и да ја подобри својата способност да биде препознаен партнер на Владата за дијалог и активно вклучување во клучните дискусии за спроведување на процедурите за јавните набавки како и за регулаторната политика во оваа област.

Дополнително, МАСИТ очекува да ја подигне свеста во јавните институции за стратегиски, сеопфатен и структуриран пристап во трошењето на буџетските средства за набавка на ИКТ, да посочи промени во административните процедури кои се однесуваат на јавните набавки, да укаже на неопходноста од соодветна надградба на лицата со овластувања за планирање и реализација на јавни набавки, како и да информира за активностите кои МАСИТ ќе ги направи за поддршка на јавните институции за исполнување на наведените препораки.

Во позицискиот документ се презентирани: 

  • Предлог мерки кои се однесуваат на обемот на буџетски средства кои ќе се наменат за набавка на ИКТ опрема, софтвер и услуги;
  • Предлог мерки кои се однесуваат на постапките за јавни набавкии нивното спроведување при јавните набавки на ИКТ опрема, софтвер и услуги, и
  • Предлог мерки кои се однесуваат на други прашања тесно поврзани со спроведувањето на јавните набавки на ИКТ во Република Македонија за унапредување на капацитетот на ИКТ компаниите за иновации и конкурентност   

Генералните препораки наведени во Позицискиот документ се:

  • МАСИТ верува дека е неопходно да дојде до одредени промени за унапредување на постапките на јавни набавки на ИКТ во Република Македонија.
  • На тој начин ќе се поттикнат конкурентноста, динамиката, и одржливоста на развојот на македонскиот ИКТ сектор, а во крајна линија и на целокупната национална економија
  • МАСИТ првенствено ја изразува својата спремност за соработка со Владата на Република Македонија и другите клучни заинтересирани страни, со цел изнаоѓање на најадекватните начини за подобрување на постојната состојба во однос на јавните набавки на ИКТ 

Во последните пет години, ИКТ секторот на Република Македонија, во просек, има забележано стапки на пораст на приходите од над 9%, а на додадената вредност и на бројот на вработените лица од речиси 5%. Со тоа, тој сектор значајно влијае врз развојот на целокупната економија на Република Македонија. Самите мерки кои се предложени во овој Позициски документ МАСИТ ги гледа како  инструмент за развој на домашната ИКТ индустрија, која како индустрија со висока дополнителна вредност понатаму ќе има и големо влијание врз секундарните индустрии, а со тоа и врз:  

  • Подобрувањето на деловното опкружување во Република Македонија, како и на продуктивноста на голем број компании;
  • Создавањето можности за изградба на економијата на Република Македонија како економија базирана на знаење;
  • Поддршката на извозот на Република Македонија;
  • Развојот на локални ИКТ решенија кои служат за унапредување на македонското општество;
  • Унапредувањето на општата продуктивност и пристапност до информации во областите на здравството, социјалните услуги и образованието.

 

ДОКУМЕНТИ:

Позициски доумент за јавни набавки на ИКТ во Македонија(MK)
Positioning Paper on Public Procrement in ICT in Macedonia (EN)
Презентациите од одржаната промоција 23.12.2010 (MK)
Соопштение за јавност (MK)

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

fb_icon_3 Linkdin_icon_2 Insta_icon_2 yt_icon_2 twitter_icon_2

Актуелни Настани

Нема настани