Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Договор за партнерство со Certiport

МАСИТ потпиша договор за партнерство со Certiport - светскиот лидер во ИТ сертификација

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ потпиша договор за партнерство со Certiport - светскиот лидер во ИТ сертификација, за воспоставување на мрежа на тестинг центри за сертификатите на Certiport на регионот на Македонија.

Certiport во рамки на своите производи ги нуди:  светскиот водечки сертификат - Microsoft® Office Specialist; најбрзорастечкиот сертификат за дигитални комуникации - Adobe® Certified Associate; лидерот во сертификација за дигитална писменост - Internet and Core Computing Certification (IC³®); и други водечки решенија од Microsoft, CompTIA®, Autodesk®, and Intuit®.

Во рамки на соработката МАСИТ ќе биде официјалната институција на регионот на Македонија одговорна за воспоставување на мрежа на тестинг центри кои ќе ги нудат производите на Certiport:

  •     Microsoft Office Specialist (MOS)
  •     Microsoft Technology Associate (MTA)
  •     Internet and Computing Core Certification (IC³)
  •     Adobe Certified Associate (ACA)
  •     Autodesk Certified User (ACU)
  •     CompTIA Strata IT Fundamentals
  •     HP Accredited Technical Associate

Certiport со својата мрежа од 1200 авторизирани тестинг центри на светско ниво е лидер во ИТ сертификација. Повеќе информации за Certiport можат да се најдат на следниот линк www.certiport.com

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018