Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Четвртата фаза од регулаторната гилотина на МИОА

МАСИТ ќе учествува во четвртата фаза од регулаторната гилотина на МИОА

Скопје, 26.12.2011

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ,се вклучува во четвртата фаза од регулаторната гилотина која е нова надлежност на Министерството за информатичко оштество и администрација(МИОА).  Дополнително, на средбата која беше одржана на 26.12.2011 со министерот за информатичко општество и администрација Г-дин Иво Ивановски, раководството на Комората ја претстави првата конкретна иницијатива за воспоставување на регистар за регулација на увозот, дистрибуцијата и сервисирањето на овластените претставници во Македонија.

Претседателот на МАСИТ Г-дин Игор Бимбилоски, изјави дека компаниите од ИТ индустријата ќе бидат активно вклучени и конкретно ќе дадат свој придонес во поуспешно и поефикасно имплементирање на регулаторната гилотина, особено што четвртата фаза е посветена на малите и средните претпријатија. Воедно, тој истакна дека МАСИТ како Комора излезе со предлог за воспоставување на регистар за регулација на увозот, дистрибуцијата и сервисирањето на овластените претставници во Македонија. Исто така ИКТ фирмите планираат преку примена на нови системи за јавните услуги во државата да дадат придонес во реформите на администрацијата со што ќе ја зголемат својата конкурентна моќ како индустрија.

Програмата која МИОА ја има направено за наредната година е со цел да се поддржат домашните компании да можат да се фокусираат на развојни услуги, развој на софтверски апликации и да се пренаменат од препродажбата на хардвер конкретно во дејност која има многу поголема додадена вредност на своите производи.

МИОА ги превзема новите надлежности во рамки на регулаторната гилотина и од областа на телекомуникациите  од 1 јануари 2012 од Министерството за транспорт и врски.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018