Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Меморандум за соработка со Државната комисија за спречување на корупција

 

МАСИТ потпиша Меморандум за соработка со Државната комисија за спречување на корупција

Скопје, 9.12.2011, х. Stone Bridge

На 9-ти декември 2011 година со почеток во 11 часот во хотел Stone Bridge, МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии заедно со другите претставници од бизнис асоцијации во земјава потпиша Меморандум за соработка и взаемна поддршка за спречување на корупцијата и судир на интереси со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Настанот беше организиран по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата - 9-ти декември. 

Целта на потпишувањето на меморандумот е да се воспостави  соработка,  координација и водење на заеднички договорени активности меѓу потписниците, со цел поефикасна превенција на корупцијата и судирот на интереси во приватниот сектор и градење на интегритетот во Република Македонија.

 

alt

Во рамки на настанот Државната комисија за спречување на корупцијата ја промовираше третата по ред Државна програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси 2011-2015 година. Приватниот сектор зазема значајно место во оваа Државна програма, а особено во промовирањето и градењето на демократската култура  во општеството.

 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018