Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Информативен настан и тренинг за Open source

04-05.06.2012, Стопанска комора, 5ти кат, сала 4.

Ве информираме дека во рамки на имплементација на активностите од Стратегијата за извоз на софтвер и ИТ услуги, која МАСИТ ја спроведува со поддршка на ГИЗ, предвидено е одржување на следните два настани на МАСИТ Академија:

Настан: Информативен настан за Open Source

Датум и место: понеделник, 04.06.2012, од 10:00 до 12:00 часот, во Стопанска комора, на 5ти кат, сала 4.

Краток опис: Овој настан ќе овозможи историски преглед на open source и главните причини за негово прифаќање. Тренерот ќе даде краток преглед на постоечките open source решенија кои се овозможени во рамки на open source solution stack на Open Source Business Alliance (непрофитна организација составена од вендори, корисници и академски партнери во земјите од Германското говорно подрачје). Слушателите ќе имаат можност да се здобијат со информации за принципите на open source лиценцирање и практични примери за користење на open source. Две студии на случај ќе бидат презентирани со цел да се покаже како и јавниот сектор може да има придобивки од користењето на open source.

Tренер: Mr. Thomas Uhl, Open Source Business Alliance e.V.

Број на слушатели: 50 лица

Профил на слушатели: Носители на одлуки во приватен и јавен сектор кои се заинтересирани за разбирање на принципите на Open Source, придобивките и ризиците. Менаџери, ИТ консултанти, програмери.

Цена за учество: бесплатно

Агендата е во прилог.

Настан: Тренинг за Open Source (бизнис и технички аспекти)

Датум и место: од понеделник, 04.06.2012 (од 14:00 до 18:00) до вторник, 05.06.2012 (од 09:45 до 18:00 часот), Стопанска комора, 5ти кат, сала 4.

Краток опис: Првиот дел од тренингот ќе се фокусира на бизнис аспектите, односно ќе опфати информации за тоа како open source базираните бизнис модели работат. Мотивацијата на програмерите и компаниите да произведуваат open source софтвер и причините за негово користење исто така ќе бидат обработени. Неколку примери за успешни проекти ќе бидат презентирани. Вториот ден од тренингот, фокусиран на технолошките аспекти ќе даде увид во главните технологии кои се вообичаено користени за решенија базирани на open source. Ќе бидат покриени програмските јазици, оперативни системи, развојни околини, инфраструктура и middleware компоненти. Трендовите како cloud и мобилни open source технологии исто така ќе бидат презентирани.

Tренер: Mr. Thomas Uhl, Open Source Business Alliance e.V.

Број на слушатели: 30 лица

Профил на слушатели: Носители на одлуки кои се заинтересирани за воспоставување на open source базирани бизнис модели во нивната компанија. Програмери и ИТ администратори кои се заинтересирани за разбирање на главните технологии користени во open source проектите, постоечки open source модули на сите нивоа (инфраструктура и бизнис апликации).  Менаџери, ИТ консултанти, програмери.

Цена за учество: учеството на настанот за членки на МАСИТ e бесплатно.

Агендата е во прилог.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

Nastani_slikice