Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ е-информатор

Image
 
 informator_fb
 
informator_insta
 
informator_linke
 
informator_yt
 
informator_tweet
 
 Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ е водечка Комора на компаниите кои работат во полето на ИКТ
 
МАСИТ Е-ИНФОРМАТОР
 
 Јуни - Јули 2017
 
 
 
АКТИВНОСТИ 
mioa_masit_web
17 јули 2017
Состанок со Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски
Беа дискутирани тековните активности и планови на МАСИТ и МИОА и беа идентификувани активности кои се од заеднички интерес и на кои може да се отпочне конкретни активности за соработка. Издвојуваме неколку: активности за зголемување на бројот на ИКТ кадри, подобрување на состојбите со ИКТ јавни набавки, директни консултации во делот на креирање на ИКТ стратегии и планирање на активности, соработка за спроведување на анализи на ИКТ пазарот и пазарот на ИКТ работна сила.
 

__  __

mioa_masit_web
 
 27 јули 2017
МАСИТ присуствуваше на состанок на Работна група за давање на услуги и ИКТ поддршка 

___

МАСИТ присуствуваше на состанокот на Работна група за давање на услуги и ИКТ поддршка на институциите во рамки на процесот на консултација по нацрт-Стратегијата за реформа на јавната администрација за периодот 2017-2022. Преку МАСИТ компаниите членки активно ќе бидат вклучени во процесот на консултации на нацрт-Стратегијата и нацрт-Акцискиот план. 
 izraeli

10 јули 2017
Состанок со Македонско Израелски Бизнис Клуб

Беше договорена соработка помеѓу МАСИТ и Македонско- Израелскиот на активности за поврзување на Македонски и Израелските ИКТ компании. МАСИТ направи консултација со членството со цел да се идентификуваат компаниите кои се заинтересирани како и темите на соработка и во претстојниот периот ќе се продолжи со планирање и реализација на конкретни активности.
___

____
____
___
 
EU2
 
Состанок со претставници на  ЕУ Проектот за Развивање на соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи
Во рамки на состанокот беше дискутирано околу можностите за соработка помеѓу МАСИТ и Проектот во насока на поддршка и зајакнување на соработката помеѓу бизнисите, универзитетите и државните институции во доменот на информатичките и комуникациските технологии. Како заклучок беше договорено во претстојниот период да се работи на идентификување, планирање и организација на конкретни активности. 
 
it_profili
8 јуни 2017 
Состанок за развивање на нови ИТ профили во Националната рамка на квалификации
Состанокот беше одржан на иницијатива на твининг проектот финансиран од ЕУ во соработка со Министерство за образование и наука: Понатамошно подобрување на системот за развој и имплементација на Националната рамка на квалификации. 
Во рамки на состанокот на база на забелешки од членките од МАСИТ се работеше на креирање на два нови профили во Националната рамка на квалификации - Q&A/Tester основен и напреден профил,  за кои понатаму компаниите би можеле дополнително да покренат активности за креирање на програми и за истите да бидат сертифицирани од страна на Министерството за образование. 
masit_nagradi

_

6 јуни 2017


На 6ти Јуни беа одржани МАСИТ наградите за иновативни ИКТ решенија. Победници се компаниите Еликософт со нивното решение во категоријата приватен сектор иGDi со нивното решение во категоријата јавен сектор. Победниците ќе бидат номинирани на Global ICT Excellence Awards 2017 во организација на WITSA што ќе се одржат во септември во Тајван. 
 
 
 
prekvalifikacija_1
 
 
prekvalifikacija_2
 
Во периодот помеѓу месец април и септември, МАСИТ со поддршка на УСАИД/РЕГ проектот и соработка со Seavus Education & Development Center го спроведува проектот за преквалификација на ИКТ кадри во рамки на кој кандидатите имаа можност да се пријават и да се пре-квалификуваат во два профили - .NET developer и Front End Web Developer. Вкупно 40 кандидати започнаа со обуката во рамки на која имаат можност да се преквалификуваат со цел да стекнат одредени други вештини, знаења и практично искуство кои се потребни на ИКТ компаниите со што би потенцијално и би се вработиле во ИКТ компаниите. Обуките се во тек и е предвидено да траат до септември 2017.
 
Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива е четиригодишен проект финансиран од УСАИД, имплементиран од ЕПИ Центар Интернационал и МАСИТ, Стопанска комора на Македонија и Стопанска комора на Северо-Западна Македонија со цел да им помогне на микро и малите бизниси да ја подобрат нивната усогласеност со законските барања и да им помогне на организациите/коморите да воспостават конструктивен дијалог со надлежните институции за подобрување на регулативата. 
usaid_mk
 
aktuelni
 
 
Конференција „Актуелни предизвици на бизнис заедницата од областа на 
законската регулатива
 
danoci
 
 
Информативна  сесија на тема: „Даноци и Царина" во Велес 
 
 
otpad
 
Во рамки на Проектот во текот на месец Јули 2017 спроведен е процес на косултации со компаниите членки на МАСИТ за проблемите во законската регулатива.  Идентификувани проблемите со законските регулативи со кои компаниите се соочуваат во областите: РАБОТНИ ОДНОСИ, ДАНОЦИ, ЦАРИНА и ЖИВОТНА СРЕДИНА и истите се обработени во соодветен формулар во рамки на кој е направено образложување на проблемот и дефинирано предлог решение. Во претстојниот период овие проблеми, во рамки на проектот, соодветно ќе бидат адресирани до надлежните институции.
 
ИДНИ НАСТАНИ
baner_seeita
Со особено задоволство би сакале да ви го најавиме одржувањето на претстојните настани во рамки на - МАСИТ ИКТ ДЕНОВИ 26-27.09.2017
хотел „Александар Палас“ – Скопје
ФОРУМ - Регулатива на работни односи и пазар на труд - 26.09.2017
КОНФЕРЕНЦИЈА - Иновативни ИКТ решенија и трендови - 27.09.2017
Повеќе информации на www.seeita.org  
 
ИКТ Трговска мисија во Даблин, (17 oктомври 2017, Даблин, Ирска)
 
Со поддршка на УСАИД РЕГ проектот, втора година по ред, компаниите членки на МАСИТ имаа можност да бидат дел од трговската мисија во Даблин, Ирска. Настанот ќе се одржи на 17 Октомври 2017 година и ќе се содржи од два дела: презентации и Б2Б средби кои ќе бидат организирани од страна на USAID/REG проектот заедно со Стопанската комора од Даблин. Во рамки на мисијата покрај компаниите од Македонија групата ќе биде составена и од ИКТ компании од Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Србија и Украина.
Можности и специјални промоции и попусти за членките на МАСИТ:
 
 
Компании - Членки на МАСИТ:
 

Нови членки 05-06.2017
Информирајте се повеќе за членството во МАСИТ
beneficii
clen
КОНТАКТ
Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ
 
МАСИТ е членка на WITSA (Светска Алијанса на Информатички Технологии и Услуги) која е водечки конзорциум во ИКТ индустријата во кој членуваат здруженија од 82 различни држави/економии.
WITSA_logo
 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018