Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Јавна расправа за јавни набавки на ИКТ и Отворено владино партнерство

На ден 13.06.2012, среда, во просториите на Стопанска комора на Македонија се одржа настан Јавна расправа за јавни набавки на ИКТ и Отворено владино партнерство.

Првиот дел посветен на јавните набавки на ИКТ го отвори Г-дин Мирослав Крстевски, Претставник на МАСИТ, со презентација на ставовите и препораки на МАСИТ во однос на јавните набавки на ИКТ. Основа на оваа презентација претставуваше Позицискиот документ на МАСИТ за јавни набавки на ИКТ изготвен во 2010,  со осврт околу оцената на правната основа и сигурност кај Законот за Јавни набавки и предлози и мерки што треба да се превземат за подобрување на истите.

alt

Свое излагање имаше и Г-ѓа Маре Богоева Мицовска, Директор на Биро за јавни набавки која даде информација за новите измени на Законот за Јавни набавки во однос на проблемите со кои се соочуваат Македонските ИКТ компании. Клучни точки тука беа информацијата за основање и водење на листа на негативни референци, отворањето на технички дијалог со деловната заедница во однос на тендерите над 130.000 евра, објавување на малите набавки преку Електронскиот систем за јавни набавки, и други.

Присутните дадоа свое мислење и предлози околу јавните набавки на ИКТ во Р.Македонија од аспект на ИКТ секторот и потреба за подобрување на условите на истите со цел развој и унапредување на Македонските ИКТ компании.

alt   alt

Вториот дел од средбата, посветен на Отвореното владино партнерство, беше отворен од страна на Министерот за информатичко општество и администрација, Г-дин Иво Ивановски и од страна на Претставник на МИОА беше презентиран Нацрт Акциски план за Отворено владино партнерство. Беше дадена информација што претставува ова партнерство и позитивни ефекти од одредени економии кај кои веќе функционира истото. Клучна дискусија беше водена околу видот на податоци кои ќе се објавуваат од страна на компаниите, ажурирање на истите, процедурата на објавување, временската рамка, сигурност на податоците како и  инфраструктура и ефикасен систем за наплата на апликациите.

Врз основа на дискусиите и заклучоците од страна на присутните беа утврдени идните насоки на соработка помеѓу МАСИТ и МИОА во поглед на двете дискутирани теми.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018