Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Учество на македонски ИКТ компании на Самит на Гартнер

 

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ со поддршка на  ГИЗ,  УСАИД ИДЕАС и Invest in Macedonia организира учество на 12 македонски компании на Gartner Outsourcing & Strategic Partnerships Summit, кој ќе се одржува во период од 08.10.2012-09.10.2012, во Хотел Park Plaza Westminster Bridge,  Лондон, Велика Британија. 

Гартнер е водечка компанија во светот на информатичката технологија и истражување, при што Гартнер настаните заслужено имаат функција на најексклузивни собири во светот на високи ИТ и бизнис стратези, со капацитет да привлечат повеќе од  1.100 водечки компании од ИТ индустријата.

PR_tekst_Gartner

На Самитот на Гартнер, учесниците ќе имаат можност да искусат пакет-информациони сесии водени од Гартнер аналитичари, презентации на најсовремена технологија,  размена на искуста- работилници,  еден на еден средби со аналитичари,  консултантски работилници од страна на ИКТ лидери и многу други. Преку ресурсите на Гартнер Истражувања, Гартнер Извршните Програми, Гартнер Консалтинг и Гартнер Настани,  секој од клиентите- учесници ќе има можност да работи  на истражување, анализирање и интерпретирање на  ИТ бизнисот  во контекст на нивните индивидуални потреби.

Компании кои оваа година ќе присуствуваат на Самитот на Гартнер се следни:

    1. Аспект (погледни профил на компанија)
    2. Ассеко СЕЕ (погледни профил на компанија)
    3. Акселтра (погледни профил на компанија)
    4. Горд Системи  (погледни профил на компанија)
    5. ЕуроНетКом (погледни профил на компанија)
    6. ИНет (погледни профил на компанија)
    7. Инфините Солушнс (погледни профил на компанија)
    8. Неоком (погледни профил на компанија)
    9. РеАктив (погледни профил на компанија)
    10. С&Т Македонија (погледни профил на компанија)
    11. Семос (погледни профил на компанија)
    12. Симт (погледни профил на компанија)

 

По завршувањето на Gartner Самитот, МАСИТ во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз на Р.Македонија - “Invest in Macedonia”a со поддршка на ГИЗ и УСАИД ИДЕАС, на 10.10.2012, во Mayfair Hotel,  ќе биде одржан и Македонско-Британски ИКТ Бизнис Форум. Главна цел на форумот е да се прикаже Македонија како outsourcing дестинација и македонските ИКТ компании да имаат свое претставување пред британските компании и останатите outsourcing партнери. Дел од овој Форум ќе бидат и “B2B” средбите и вмрежувањата помеѓу македонските  и британските компании.

Превземете ја поканата за Бизнис Форумот


ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018